X
 07.02.2016 Образование

Дали е потребен нов универзитет?

Пред неколку месеци дознавме за отворањето на новите државни универзитети, на што многумина се запрашаа дали тие воопшто се потребни. Студентскиот пленум организира дебата за да се обиде да го одговори ова и многу други прашања.


На дебатата закажана за 11 февруари на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ, пленумците ќе побараат одговори на прашањата:

- Од каде буџет за отворање на нов универзитет?
- Какви финансиски импликации ќе предизвика отворање на нови осум факултети?
- Каде е Советот за финансирање на високо образование на оваа свадба?
- Зошто студентите не се поканети на ниту една дискусија?
- Како овој универзитет ќе придонесе да се справиме со хиперпродукција на високообразован кадар?
- Кои се реалните потреби на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија?
- Квантитет наместо квалитет?
- Зошто член 23 од предлог законот е во колизија со ЗВО?
- Како отварањето на нов универзитет ќе влијае врз професорите, студентите и веќе постоечките универзитети?
- Имаме ли стручен кадар што ќе може да предава на овој универзитет?
- Има ли поедноставно и побезболно решение?
- Во која универзитетска болница ќе се одржува наставата за воениот медицински факултет?

Јавната дебата на тема „Нови универзитети за подобро образование?“ ќе започне во 18:00 часот.

На истата биле поканети следните говорници: Илија Димовски, Стефан Богоев, д-р Ермира Мехмети, Орхан Ибраими, д-р Абдилаќим Адеми, проф. д-р Каролина Ристова - Астеруд, проф. д-р Тања Каракамишева, проф. Иван Бабановски, полковник д-р Орце Поповски, потполковник Методија Величковски.

Во моментот на пишување на веста, потврдено било присуството само на Стефан Богоев.

Настанот на „Фејсбук“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование