Доколку не бевте денес на автономните зони на факултетите,
тука може да видите што пропуштивте. Накратко, се одржаа дебати, свирки, предавања, анализи, разговори и пленумски состаноци. За утре не' очекува еднакво богата програма, но и втората средба на работната група за подготовка на новиот закон за образование.
Сите донации се добредојдени, а најголема потреба има на Архитектонски/Градежен и на најновата автономна зона меѓу останатите, на ПМФ. Не ги забораваме ниту студентите во Битола. Тие немаат парно, па имаат потреба од изомати и прекривки.
Погледнете како помина 13-от ден од автономијата на факултетите при УКИМ во Скопје.