X
 07.02.2016 Култура

Најчуваните места на светот кои никогаш нема да ги видиме

Сите би очекувале меѓу најмистериозните места да се најдат бази како „Регион 51“, но во првите десет се наоѓа и трезорот со рецептот за пилешко на ланецот за брза храна KFC.


Ризницата на Сајентолошката црква

Сајентологијата е една од најомразените, но и најбогати религии во светот. Религијата дури е забранета во Германија. Нивниот подземен трезор се наоѓа во пустина во САД и може да издржи напад и на хидрогенска бомба. Во неа се наоѓаат сандаци на кои се запишани учењата за сајентологијата. Таму може да влезат само најистакнатите лица на сајентологијата.



Бункер Пионен

Овој нуклеарен бункер се наоѓа од Стокхолм во Шведска и е во сопственост на шведскиот телеоператор. Влезот во бункерот е заштитен со врати дебели 40 центиметри до кои се стигнува со подземен тунел долг 30 метри.

Ватиканските архиви


За архивите на Ватикан постојат многу теории и митови, но јавноста веројатно никогаш нема да ја дознае вистината. Архивите се чувани од швајцарската гарда 24 часа дневно, а се зборува дека во него се наоѓаат документи кои датираат и од 8-от век. Постојат теории дека во архивите се наоѓаат евангелија кои се контрадикторни на Библијата. Клучот го има папата.



Трезорот на KFC

Популарниот ланец на брза храна од Кентаки има трезот кој е еден од најчуваните во светот. Во него се наоѓа тајниот рецепт за подготвка на пилешко и се вели дека во него се наоѓаат 11 растенија и зачини.

Трезор во Антверпен, Белгија

Јавно-приватната компанија која се занимава со увоз и извоз на дијаманти е познат и по најнапредниот сеф на дијаманти во светот. Во него се наоѓа дури 70% од светските залихи на дијамант. Освен сите најнапредни системи за заштита, трезорот е опремен и со радар кој може да препознае дури и пад на капка дожд на површината.



Трезор на семиња

Глобалниот трезор на семе се нарекува и трезор на „судниот ден“. Во овој трезор се чува семе заштитено од сите можни катастрофи за било каков случај на катастрофа кој би ја довел во прашање животинската и растителна рамнотежа на планетата. Тој се наоѓа 120 метри во внатрешноста на планина меѓу Норвешка и Северниот пол. Семето било искористено за првпат во 2015 година поради војната во Сирија.



Депозитар „US Bullion“

Во овој депозитар во САД се чува илјадници тони злато, но и многу битни историски документи. Депозитарот е заштитен со гранитен ѕид дебел 1,2 метри, а го чуваат наоружани сили. На влезот се наоѓа врата тешка 22 тони за која се потребни десетина луѓе доколку се отвора.


Затвор „ADX Supermax“

Во овој затвор во Колорадо се сместени некои од најстрашните криминалци. Дури и доколку некој успее да избега од неговите ѕидини, таму ќе го чекаат тренирани кучиња, а потоа и ограда висока речиси 4 метри, а има и ласери за движење, сензори за чекори на површината и стотини камери.


Регион 51

Се работи за тајна база на американската војска сместена во Невада. Многу децении, таму се развиваат најнапредните оружја, а теоритичарите на завери тврдат дека Американците таму кријат вонземјани. Над базата е забранет авионскиот сообраќај, а сите што се обидуваат да влезат се убивани на лице место бидејќи војската има право на тоа.


Федерални резерви на Њујоршката банка

На првото место меѓу најчуваните места на планетата се наоѓа Федералната резерва на САД. Се работи за централен банкарски состав чиј трезор се наоѓа 24 метри под површината на Менхетен. Во него се наоѓа најголемата залиха на злато во светот, која се проценува дека вреди 203 милијарди долари.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура