Луѓето пронаоѓаат различни причини за патување - од последната животна желба, па се` до посета на новиот хотел кој штотуку се отворил.
Додека голем број на причини за патување можат да се реализираат било која година, некои случувања се случуваат токму оваа година. Еве што се` треба да посетите оваа година.
1. Летните Олимписки игри во Рио
Летните Олимписки игри се одржуваат еднаш на четири години, меѓутоа оваа година дефинитивно ќе бидат вистинска забава особено затоа што ќе се одржат во Рио де Жанеиро, Бразил од 5 до 21 август. Се очекува игрите да привлечат стотици илјади фанови. Кога нема да го гледате вашиот омилен спорт, тогаш дефинитивно треба да го истражувате градот затоа што нуди голем број активности, места за посета и ноќни клубови.
2. Миграцијата на пеперутките монарх
Секоја година пеперутките монарх одат на југ, меѓутоа 2016 година се смета за посебна. Се очекува бројот на пеперутки да се зголеми три пати, а пеперутките треба да поминат преку Мичоакан, Мексико, такашто ова место дефинитивно треба да се појави на вашиот список на места за посета.
3. Релокација на рибниот пазар Тсукиџи
Овој пазар за риби е еден од главните во Токио. Рибарите на пазарот доаѓаат во 3 часот наутро со нивниот улов, додека големите компании чекаат да купат.
Сега, после 81 година, најголемиот пазар за риба и морска храна се преместува на нова локација во март. Затоа, резервирајте го патувањето и посетете го овој историски пазар за последен пат.
4. 400 годишнината на Шекспир
Оваа година се навршуваат 400 години од смртта на Шекспир. Кралскиот колеџ во Лондон координира програма со претстави, проекции, концерти и изложби кои ќе се случуваат цела година. Гостите ќе можат да посетат широк спектар од неговите класични драми изведени во живо.
5. Транзитот на Меркур
Телескопите во рака затоа што оваа година ќе можете да го следите транзитот на Меркур преку сонцето кој треба да се случи на 9 мај. Постојат неколку клучни места кадешто ќе имате најдобар поглед за овој редок настан.
Транзитот може да се види во Северна и Јужна Америка, Западна Европа и суб-сахарска Африка, додека најдобрите локации се во западно Мароко, Канарските Острови и пустината Атакама во Чиле. Последниот транзит се случи во 2006 година.
6. Конзерватот за жирафи во Намибија
Можете да бидете дел од овој конзерват токму оваа година. Конзерватот нуди специјално искуство за оние кои сакаат да се вклучат во дивиот свет на Африка. Патувањето кое ќе трае 9 дена, ќе даде можносто за активно учество во зачувувањето на природните убавини и диви животни во Африка.