X
 10.11.2015 Култура

Погледнете го едно од најубавите места на планетата Земја

Заливот Халонг во Виетнам е една од најубавите туристички атракции на планетата Земја.

 

 Залив


Името во превод значи „кадешто се спушта змејот“,  и според локалната легенда, заливите на островот се формирале кога змејот се спуштил од планините кон брегот. Со опашката ги издлабил долините, поплавувајќи ја областа и не оставајќи ништо освен видливи врвови.

Заливот се наоѓа на североисточниот брег на Виетнам и има неверојатна мирна смарагдна вода која е дом на неколку острови покриени со шуми. Ова е популарно место за прошетка со брод и за истражувачите на пештери - доколку патувате во Виетнам, тогаш вашето патување не би било целосно ако не го посетите овој залив.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура