X
 02.10.2015 Култура

Места кои (веројатно) не сте знаеле дека постојат во Лондон

Лондон претставува културно-историска икона преполна со туристи. Градот постојано се менува, секогаш нуди нешто возбудливо и е доста неодолив за многу луѓе низ светот. Откако ќе ги посетите врвните атракции во овој град, треба да имате на ум, дека градот се`уште има што да понуди.

 

лондон


Бизарен музеј

Овој викторијански театар е најстариот во Европа и останал сокриен во текот на 100 години. Скриен во сенката на Шард (светкав облакодер покрај Лондон Бриџ), ова е малку познат музеј. Можете да влезите преку дрвената врата и да се качите низ тесните спирални скали до таванот кој некогаш бил црква Св.Тома.

 

1


Откако ќе влезете, ќе можете да пронајдете цел хируршки свет и нивните чудни лекови. Музејот не бил пронајден скоро 100 години и бил повторно откриен во 1956 година кога Рејмонд Расел, кој ја истражувал историјата на болницата Св.Тома, одлучил да го испита чудниот отвор на таванот.

Сауна поинтересна од ден во спа центар

Убавата и модерна финска црква, лоцирана во југоисточниот дел на Лондон, е место кадешто се среќаваат Финците кои живеат во Велика Британија. Секој кој има желба да ја посети традиционалната финска сауна (од вторник до недела, одделно за мажи и жени) може слободно да ја посети. А доколку ви треба место за престој, исто така можете да резервирате соба, која доаѓа опремена со атрактивен скандинавски мебел.

Гробница за скироли

 

2


Под мостот Нангерфорд, под кој минува реката Темза, лежи „гробницата на скироли“ во која се наоѓаат многу скршени и оштетени скироли. Ова е место кадешто скејтерите се сеќаваат на нивните пријатели кои починале.

Оштетените скироли оставени на Нангерфорд мостот се во чест на скејтерот Тимоти Бакстер, кој бил убиен во 1999 година.

Во светот на скиентологијата

Л.Рон Хабард, најпознат по Дијанетиката и Скиентологијата, живеел во куќата Фицрој додека престојувал во Лондон. Доколку влезете во куќата, чиј влез е бесплатен, ќе откриете временска капсула од 1950 година, која ви нуди оригинални ракописи, ретки први изданија на книги и артефакти поврзани со животот на авторот.

Тела ексхумирани од познат поет

 

место


Во дворот на црвката на Св.Панкрас, стотици стари гробови опкружувале едно дрво. Тие биле поставени таму од поетот и романсиерот Томас Харди кој во тоа време работел како чирак архитект во Кингс Крос во средината на 19-от век. Харди ја имал ужасната задача на ексхумација и поместување на телата за да направи место за железничка линија.

Не плаќајте ни цент за најдобриот поглед во градот


Шопинг центарот „One new change“ што се наоѓа во срцето на градот, ги има скоро сите поголеми модни синџири. Но центарот, отворен во 2010 година исто така го има и најдобриот поглед во Лондон. Влезот е бесплатен, а со брзиот лифт веднаш ќе се качете на врвот, а на покривот има тераса од која можете да уживате во околните погледи на катедралата Св.Павле.

Запишете се во училиште од викторијанска доба

„Ragged School Museum“ е група на три згради кои порано биле бесплатни училишта во Лондон. Во првата недела секој месец можете да посетите настава во викторијанската училница кадешто актерите во костими од тој период ви држат лекции.

Средба со прасиња во градот

За да го избегнете метежот и вревата во градот, упатете се до Мадчут, добротворна заедница со фарма, штали и детска градинка во срцето на Источен Лондон. Друга опција ви е Фрајтлајнерс сити фармата, која се наоѓа во срцето на Ислингтон. Тука можете да пронајдете редок вид на прасиња и кози како и јагниња и кокошки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура