X
 09.02.2024 Живот

Хрватски остров на првото место на листата со европски дестинации за посета во 2024 година

Магазинот „Форбс“ објави листа со европски дестинации кои треба да се посетат во 2024 година, а првото место го зазеде хрватски остров.

Станува збор за Хвар. Опишан е како најсоодветен за туристите бидејќи на Хвар секој може да најде нешто за себе. Има добри ресторани, бурен ноќен живот, велнес-центри... На оние што не се заинтересирани за бучава и метеж, им се препорачува да се упатат кон внатрешноста на островот и да ги посетат лозјата и полињата со лаванда.

Понатаму се наведува дека до Хвар може да се стигне со траект или катамаран од копното на Хрватска и со редовни автобуски линии од Сплит, Дубровник и други крајбрежни градови. Хвар е најдобро да се посети во мај и јуни, како и септември и октомври. Времето е топло, а островот е помалку полн, за разлика од летните месеци.

 

На второ место се Надворешни Хебриди. Тоа е архипелаг кој се наоѓа западно од брегот на копното на Шкотска.


- Населени се само неколку острови, а туристите често одат на островите Луис и Харис. Тие се всушност еден остров, но се нарекуваат поинаку бидејќи нивните пејзажи се разновидни - пишува списанието.

На трето место е островот наречен Стромболи, кој се наоѓа во Италија. Овој остров е всушност вулкански конус.

- Со своите препознатливи плажи со црн песок добиени од вулканска пепел, европскиот остров Стромболи е за патници кои имаат многу време. Нема аеродром, а до него може да се стигне со траект или хидроглисер од сицилијанските градови Милацо и Месина, како и од другите Еолски Острови - се наведува во извештајот.

Четвртото место го зазеде Хеимаеј, најголемиот исландски остров (13,4 квадратни километри). Локално, најпознат е по вулканската ерупција во 1973 година што довела до целосна евакуација на населението и го покрила островот со 200 милиони тони пепел и лава. Денес тука живеат речиси 500 луѓе.

Извор: Klix.ba

Фото: VisitHvar/Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот