Во Македонија во среда претпладне ќе биде претежно облачно и ветровито. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Врнежите прво ќе ги зафатат западни и северозападните предели и покасно ќе се прошират во останатите предели. На планините се очекуваат врнежи од снег. Ќе дува силен југозападен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 60 км/ч. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 15 степени.
Во Скопје во среда претпладне ќе биде претежно облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 12.
Во четврток умерено облачно со сончеви периоди, попладне во западните предели со услови за слаби врнежи од дожд. Максималните температури од 6 до 14 степени. Нестабилно со врнежи од дожд се очекува и во петок и недела со максимални температури од 6 до 14 во петок, односно од 9 до 17 степени во недела. Во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло со дневни температури од 8 до 16 степени.
Weather4all.com.mk