X
 12.04.2017 Живот

Временска прогноза за наредните 5 дена

Денес е среда, 12 април 2017 година, 102-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:54, а ќе зајде во 19:14 часот. Денот ќе трае 13 часа и 20 минути.

Претежно ведро и надпросечно топло утро во Македонија имаме денес. Во северните и северозападните предели има појава на локална облачност која што условува и повисоки утрински температури во овие предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност, топло и ветровито време. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат тренд на благо опаѓање ќе достигнат до 13 односно до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 21 степен. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури од 17 до 26 степени. Претежно сончево време со локална облачност не очекува и во петок со идентични температури кои ќе се движат од 17 до 26 степени, со напомена дека во попладневните часови во североисточните и источните предели постојат услови за локални врнежи од дожд. Во сабота и недела претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури од 3 до 10 степени, а максималните дневни во сабота од 17 до 26 степени, а во недела ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Во недела во западните како и во североисточните и источните предели постојат услови за поинтензивни врнежи, локално и до 15 литри.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот