Нов материјал за изградба може да го направи бетонот попријателски настроен кон природата. „Палацо Италија“, градба која беше претставена на Светската изложба во Милано во 2015 година, е првата зграда изградена од бетон која е создадена за чистење на воздухот.
Фасадата е мешавина од цемент и титан диоксид, а истата го зарботува загадениот воздух и го претвора во безопасен сол кој лесно паѓа од ѕидовите кога врне.
„Палацо Италија“, исто така, консумира 40% помалку енергија отколку секоја друга зграда со истата големина, а не го загадува воздухот.
„Сакавме зградата да биде како организам, како дрво кое го вдишува јаглерод диоксидот и испушта кислрод“, вели
архитектот Микел Моле.