Зграда во Далас што не се срушила по експлозија стана сензација на социјалните мрежи. Корисниците ја нарекуваат „Кривата кула во Далас“, и тоа со причина.
11-катната зграда не се срушила целосно по експлозијата што требало да ја сруши и останал дел кој е наведнат и поради тоа потсетува на историската Крива кула во Пиза. Жителите на Далас се фотографираат со остатокот од зградата, а постои и онлајн-петиција за спречување на рушењето на зградата.
Лојд Наборс, чија компанија го врши рушењето, изјавил дека специјалните тимови ќе искористат топка за рушење за да го срушат и останатиот дел. Стив Петигру, претседател на компанијата која била одговорна за експлозијата што требало да ја сруши целата зграда, изјавил дека сите експлозиви функционирале.
„Кулата“ во моментов е наведната, но не постои опасност за нејзино паѓање. На местото на зградата треба да биде изграден комплекс вреден 2,5 милијарди долари.
Извор: huffpost.com
Фото: скриншот