Историската зграда што била изградена во 1935 година, а денес е основно училиште во Шангај, морала да биде преместена на друго место поради новиот проект за изградба.
Како успеале да преместат една зграда од пет ката и речиси 100 години старост? Едноставно, со движење на целата зграда. Видеото подолу нуди забрзана снимка од
поместувањето на зградата на околу 60 метри подалеку од првичната локација.
198 уреди во форма на нозе бавно, но сигурно ја преместија зградата, тешка речиси 7 милиони килограми, до нејзината нова локација.
Сега зградата е во процес на реставрирање.
Фото: Screenshot/YouTube