Мобилна, фиксна телефонија, телевизија и интернет за
само 1.199 денари
Скопје, 19 февруари, 2016г. - Следејќи ја својата заложба за целосен фокус кон
корисниците и воведување на конвергентни услуги по мерка на корисникот,
оне.Вип ја обновува понудата Вип Комбо со која сите нови корисници добиваат
уште еден начин како да ги збогатат содржините во својот дом и да го направат
уште позабавно место за себе и најблиските.
Со новата понуда, корисниците можат да го одберат за Вип Комбо С пакетот со
месечна претплата од 1.199 денари во првите 12 месеци кој нуди дигитална
телевизија со еден приклучок, до 90 телевизиски канали од кои 10 HD,
неограничен интернет со брзина до 30Mbps, фиксна телефонија со неограничени
разговори кон сите национални фиксни броеви и кон корисниците на Вип
тарифните модели и мобилна линија со неограничени разговори, СМС кон сите
национални мрежи и 2GB мобилен интернет. Доколку корисниците сакаат да
уживаат во телевизија со два приклучоци, до 120 телевизиски канали со 23 HD
канали, неограничен интернет сообраќај со брзини до 50Mbps, фиксна линија со
телефонија со неограничени разговори кон сите национални фиксни броеви и кон
корисниците на Вип тарифните модели и мобилна линија со неограничени
разговори, СМС кон сите национални мрежи и 2GB мобилен интернет можат да
одберат Вип Комбо М со месечна претплата од 1.399 денари за првите 12 месеци.
Понудата е достапна за сите нови корисници со договор на 24 месеци во Скопје ,
Битола, Тетово, Гостивар, Куманово, Велес, Кочани, Штип и Прилеп на локации
каде што постои техничка можност за користење на услугата.
За повеќе информации во однос на понудата корисниците може да се обратат во
контакт центарот на 077 1234 или да посетат веб страницата www.vip.mk.