X
 20.02.2016 Живот

Клучни совети од основачот на Aliexpress

Запознајте го Џек Ма, основачот на кинеската платформа Alibaba која денес има многу поголема продажба од Amazon и eBay заедно.

 

kina


Тој израснал во традиционално музичко семејство, кое постојано било гонето за време на Културната револуција во Кина. Сепак, и покрај неговото турбулентно детство, Џек успеал да создаде бизнис кој денес чини стотици милиони долари. Ова се некои од неговите совети кои ќе ви бидат доста корисни.

Која е разликата помеѓу лидерот на компанијата и вработените?


- Лидерот на компанијата никогаш не смее да ги споредува неговите/нејзините технички вештини со оние на вработените. Запомнете, нивните технички вештини секогаш треба да бидат подобри. Ако не се, тогаш сте вработиле погрешни луѓе.

- Лидерот на компанијата треба да има јасна визија за развојот на бизнисот за многу години нанапред.

- Лидерот треба да поседува одлучност и упорност за да ги издржи работите кои обичните вработени не би ги издржале.

- Лидерот треба да биде способен да се справи со ударите на несреќа и неизбежните неуспеси.

- Да сумирам, добриот лидер се разликува со неговата јасна визија, упорност и силна волја.

Никогаш не се вклучувајте во политиката

Политиката и среќата ретко припаѓаат на една иста личност. Ако започнете со политичка кариера, заборавете на бизнисот. Ако сте политичар, никогаш нема да бидете успешни во правење пари. Кога едно лице поседува пари и политичка моќ, тоа е како кибрит во комбинација со динамит.

Прашања од модерните млади луѓе.

1. Што е вистински неуспех? Вистинскиот неуспех е кога ќе престанеш да се движиш напред.

2. Што е снаодливост? Ќе го разбереш значењето на овој збор ако се соочиш со непријатни ситуации и ако се бориш со разочарувањето.

3. Што треба да правиш? Треба да бидеш повреден и поамбициозен од другите.

Само будалите зборуваат со нивната уста. Интелигентните луѓе зборуваат со нивниот ум, а мудрите со нивните срца.

Тука сме да живееме исполнет живот

Секогаш велам дека не сме родени да го потрошиме целото наше време на работа. Напротив, тука сме да уживаме во нашите животи и да ги направиме животите на другите луѓе подобри. Ако работата е вашата единствена страст, еден ден ќе зажалите за тоа.

За натпреварувачите и натпреварите

- Само будалите покажуваат агресија кон своите конкуренти.
- Ако секој го третираш како непријател, секој ќе стане твој непријател.
- Кога се натпреваруваш со другите, обиди се да избегнеш омраза. Омразата може да те уништи.
- Натпреварувањето е како играње шах. Ако изгубиш, секогаш можеш да изиграш уште една рунда.
- Вистинскиот претприемач нема непријатели.

За цимолењето и жалењето

Ако си дозволите себеси да се жалите од време на време, нема ништо лошо во тоа. Но, ако депресијата е чест гостин и сте навикнати да се жалите, тоа изгледа како алкохолизам - колку повеќе пиете толку е потешко да запрете. Светот не се грижи за она што го велите, туку за она што го правите.

Совети за претприемачите

Одличните можности обично се невидливи за повеќето луѓе. Ако на состанок 90% од моите вработени гласаат за идејата, јас никогаш не ја развивам. Причината е едноставна: сите јасно ги гледаат придобивките, што значи дека многу компании можат да работат на оваа идеја.

Обидете се да им помогнете на вработените да уживаат додека работат со вас.

Во 2001 година направив грешка. Им реков на вработените кои беа присутни уште од самите почетоци на компанијата дека никогаш нема да имаат повисока работна позиција од менаџери. Мислев дека ќе ми бидат потребни професионалци од надвор за да бидат топ менаџери и потпреседатели. Годините поминаа, а денес ниту еден од тие вработени професионалци не работат повеќе кај мене, додека оние вработени кои беа со мене уште од почетокот и во кои се сомневав излегоа одлични потпретседатели и топ менаџери.

Клинетите се вашиот прв приоритет. Вработените се втор приритет. А после нив доаѓаат акционерите, кои се трет приоритет.

- Започнете да се адаптирате на новите околности пред сите други.

- Заборавете на парите и начините како да ги направите.

- Имам еден главен принцип: вашиот став за работата и одлуките кои ги донесувате значат повеќе од вашите вештини. Не можете да го натерате секој да размислува на ист начин, но можете да ја имате истата цел. Никогаш не се обидувајте да ги научите вработените да имаат ист начин на размислување, тоа е невозможно. Секој трет член од персоналот нема да верува во вас. Немојте да им велите да ја следат вашата личност. Наместо тоа, создадете цел која ќе биде иста за сите. Полесно е да ги обедините луѓето со идеја, отколку со лидер, без разлика на тоа колку лидерот е врвен.

- Наместо да спроведувате мали карактеристики, фокусирајте се на постојан раст и долгорочни планови.

- Вашиот став го одредува вашиот иден успех.

За претприемништвото

- Понекогаш се чувствувате дека е тешко да објаснете добра бизнис можност. Запомнете дека можностите кои лесно се објаснуваат воопшто не се добри.

- Вашиот идеален партнер е личноста која ги има вештините кои вам ви недостасуваат, без разлика дали тој/таа е успешен или не.

- Барајте ги вистинските луѓе, не најдобрите.

- Најкршливите работи во светот се односите и врските меѓу луѓето.

- Денес е тешко, утре ќе биде полошо, но задутре ќе биде совршено.

Што никогаш не треба да правите?

- Најлошите карактеристики за еден претприемач: да биде горделив или да не може соодветно да ја процени ситуацијата, да не успева да одржува високи стапки, и да му недостасуваат визионерски способности.

- Ако има нешто што не го знаете а вашите конкуренти, ако ги потценувате и не мислите дека претставуваат вистинска закана, тогаш сигурно ќе изгубите.

- Во случај кога бизнисот на конкурентот е помал и послаб од вашиот, се`уште треба да ги третирате како еднаков конкурент. Истовремено, ако е поголем од вас, не се плашете од неговата супериорност.

Совети за сопствен бизнис


- Кога започнувате бизнис, тоа значи дека се лишите себеси од стабилни приходи и годишни бонуси.

- Од друга страна, исто така значи дека од сега па натаму вашиот приход е неограничен, времето можете да го користите поефикасно и не треба да побарате ничија дозвола.

- Вашите одлуки се различни од оние на вашите врсници, а истото важи и за вашиот живот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот