Дејвид Рокфелер беше најстариот жив милијардер, банкар и филантроп - меѓутоа тој беше многу повеќе од тоа.
Како најмлад и последен внук на магнатот Џон Рокфелер, Дејвид го наследил легендарното богатство на Рокфелер и се стекнал со голема моќ и влијание за време на неговиот живот. Неговото влијание било доста распространето и вклучувало банкарство, образование и светот на уметноста.
Фото: Дејвид Рокфелер/Wikipedia
Роден во Њујорк на 2 јуни 1915 година, Дејвид бил најмалото од шесте деца. Неговиот татко, Џон Д.Рокфелер Џуниор, бил единствениот син на Џон Д.Рокфелер. Дејвид дипломирал на Харвард и учел на Лондонската школа за економија.
Се оженил со Маргарет Мекграт во 1940 година и заедно имале шест деца.
Во текот на 70-те Рокфелер бил претседател и извршен директор на „Chase Manhattan Bank“, и помогнал во решавањето на финансиската криза во средината на деценијата.
Му беше познат на сите светски лидери, вклучувајќи го и јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела, Денг Ксијаопинг од Кина како и шахот на Иран и Анвар ел-Садарт од Египет.
Во биографијата за Дејвид Рокфелер напишана од Рон Чернов, наречена „Титан“, Чернов пишува: „Широкиот спектар на бизнис на Дејвид Рокфелер и филантропските и политичките врски се можеби совршеност“, вели тој.
Тој бил претседател на Музејот на современата уметност и водел кампањата за да ги натера корпорациите, не само да купат и прикажуваат уметност во нивните згради, туку и да ги поддржат локалните музеи.
Дејвид Рокфелер исто така бил познат по неговата филантропија, оставајќи 225 милиони долари на Фондот на браќата Рокфелер, фондација која промовира глобална општествена промена. Тој дал 100 милиони долари за Музејот на модерна уметност, кој бил ко-основан од неговата мајка, Абигејл Грин Олдрич Рокфелер, во 1929 година како и Рокфелер Универзитетот. Исто така, тој направил донација од 100 милиони долари за Харвард во 2008 година.
Во 2016 година, вкупната проценета вредност на
Рокфелер изнесувала повеќе од 3 милијарди долари.
Тој беше еден од петте Рокфелер браќата и последниот преживеан брат.