X
 22.02.2016 Технологија

Зошто не треба да спиете со телефонот под перница?

телефон

 

Општо е познато дека технологијата негативно влијае врз нас, а доста се зборува и за зрачењето на технолошките уреди и нивното негативно влијание врз нашето здравје.


Одредени технолошки уреди кои се создадени да ни го олеснат животот и комуникацијата во модерната ера, понекогаш може да претставуваат и опасност по нашите животи.

Важно е да се запомне дека никогаш не треба да го оставате телефонот под креветот додека се полни. Ова може да доведе веќе прегреаната батерија да експлодира, а телефонот може да се стопи, да експлодира и да предизвика пожар, како и да ги загрози луѓето кои се наоѓаат во близина.

На Твитер профилот на полициската станица во Њујорк се појави предупредување кое вели дека не треба да се спие со телефонот под перница. Со овој пост тие ги предупредуваат луѓето на доста  честите случаи на експлодирање на телефоните под перница.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија