X
 17.09.2023 Живот

Единствената библиотека во светот во која читателите можат да спијат

Познатата библиотека „Гледстоун“ во велшкото село Харден е посебно место бидејќи е единствената библиотека во Велика Британија каде што читателите можат да спијат.

Библиотеката го носи името на познатиот политичар и четирикратен премиер на Велика Британија, Вилијам Еварт Гледстоун, кој ја поседувал оваа зграда и ја оставил во аманет на својата татковина.

Основата на библиотеката во Харден е неговата лична колекција од 32.000 книги, но тој број со текот на времето се зголемувал, така што сега има повеќе од 150.000 наслови. Библиотеката во Велс била отворена за јавноста во 1894 година, а првите гости ноќта ја поминале таму во 1906 година.

Има 26 соби, читалница, удобни салони за релаксација каде што можете да разговарате и да пиете чај. Во библиотеката има и ресторан во кој се нуди свежа храна во текот на денот, а добро одржуваниот имот е идеален за уживање во долги прошетки. Меѓу посетителите има љубители на книги од различни профили, од студенти, научници, истражувачи, писатели, до љубопитни туристи.

Библиотеката на Гладстон организира разни настани за посетители: посети на писатели, работилници за креативно пишување. Секоја година на почетокот од септември традиционално се одржува „Гледфест“, фестивал на кој се организираат јавни читања, предавања, настапи на познати писатели и други личности од светот на културата.

Ќерката на Гледстоун, Мери Дру, вели дека нејзиниот татко сакал да им понуди книги што немаат читатели на оние читатели што немаат книги“.

 

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот