Норвешката архитектонска фирма „Code“ откри фотографии од нова платформа во Утсиктен во јужниот регион на Норвешка, која ќе биде отворена летово. Платформата во облик на триаголник се наоѓа на гребен и од неа се нуди поглед на планини и долини кои се наоѓаат долу.
Фирмата „Code“ победила на натпреварот за дизајн во 2008 на кој се барало идејно решение за платформата, за која е планирано да биде туристичка атракција. Дизајнот е прилично едноставен - голем бетонски триаголник. Ќе бидат вклучени патеки за пешачење покрај и под платформата, според фирмата.
Врвот на триаголникот се наоѓа на надморска височина од 700 метри. Освен неверојатниот поглед што ќе го понуди, платформата ќе функционира и како амфитеатар за културни изведби. Енергијата потребна за амфитеатарот ќе се добива од соларни панели.
Целиот проект чини околу 2 милиони долари. Изградбата започнала во 2014 година.