Во 2019 година, направив пауза од мојот напорен живот во Њујорк во потрага по тајните за среќа од целиот свет.
Патував на шест различни места, вклучувајќи ги Норвешка, Хаваи и Јапонија. Знаев дека здравјето, среќата и долговечноста не се нешто што можете да го купите, па затоа интервјуирав повеќе од 100 локални жители и експерти за нивното мислење.
Што открив?
Вистинската благосостојба е многу подлабока од предметите што ги купувате. Благосостојбата повеќе е поврзана со негување на вашата душа со безвременски лекови што отсекогаш биле најважни, како вашата заедница, свежиот воздух и промената на перспективата.
Ова се трите фасцинантни тајни за здравје и среќа од некои од најдолговечните луѓе во светот:
1. Поминуваат што е можно повеќе време надвор
Еден мој пријател, кој пораснал во Норвешка, ме запозна со филозофијата наречена
„фрилуфтслив“ (што во превод значи „живеење на отворено“). Приврзаниците на оваа филозофија го опишуваат како чувство - основен копнеж да поминат што е можно повеќе време надвор.
Фото: Freepik
Нема врска фактот што во Норвешка има многу дожд секоја година или дека Сонцето не изгрева три месеци во одредени делови на земјата. Норвежаните, кои се рангирани меѓу земјите со најдолг животен век, се доста посветени кога станува збор за излегување и престој во природа затоа што знаат дека тоа ќе го подобри нивното расположение, ментално здравје и емоционална благосостојба.
За да го добиете исцелителниот ефекет на „фрилуфтслив“, не треба да одите на епско кампување или патување. Доволно е да пешачите до продавница наместо да возите. Да се одлучите за пикник во паркот, наместо да јадете во затворен простор. Да одите да трчате во парк, наместо во сала за вежбање. Учење во природа, наместо во затворена училница. Сето тоа е „фрилуфтслив“.
2. Прават комплицирани јадења или пијалаци
Американците јадат брза и лесна храна затоа што никој нема време да направи нешто комплицирано.
Но, еден начин да го зајакнете фокусот е да се заборавите себеси со повремено вклучување во сложена активност. Не е толку важен исходот, туку процесот.
Во Јапонија, каде просечниот животен век е 85 години, мајсторите за чај пијат чај за време на подготвени церемонии, каде има кореографски ритуал за подготовка и сервирање чај. Во текот на процесот, нивниот фокус е толку длабок што не размислуваат за ништо друго.
Фото: Freepik
- Многу луѓе честопати сонуваат, мислејќи дека постои подобро место од она каде што се моментално. Но, постои крајна реалност што се одвива пред вашите очи цело време и затоа треба да се вклучите во неа - објаснува Шигенори Нагатомо, професор по филозофија на Универзитетот „Темпл“.
3. Ги учат своите приказни
Во САД, Хаваи се наоѓа на првото место со најголем просечен животен век.
- За да живеете здрав живот на овој свет, мора да ја знаете вашата приказна - вели Грег Солатарио, кој е роден во Хаваи и живее на истото место каде што пораснал.
- Јас доаѓам од оваа земја. Моето семејство потекнува од оваа земја. Длабоко верувам дека знаењето од каде доаѓам ми помага да останам приземен и поврзан секој ден - вели тој.
Фото: Freepik
Додава дека постои хавајска фраза, „нана и ке куму“, што значи, погледнете кон изворот или погледнете го наставникот.
-Идејата е дека вашите предци се вашите водичи. Кога знаете од каде доаѓате, можете подобро да се запознаете себеси. А познавањето себеси, својата приказна, е еден од најдобрите начини за човек да се чувствува добро - вели тој.
Не станува збор за познавање на вашата техничка лоза на предци преку генетско тестирање, туку откривање на вашата приказна со тоа што ќе одвоите време да се поврзете со луѓето што ви помогнале да се обликува вашиот пат. Процесот на слушање и пренесување приказни му дава значење на нашите животи.
Автор: Ени Дејли
Извор:
CNBC