X
 26.02.2016 Технологија

SONY го претстави новиот А6300, фотоапарат со најбрз фокус во светот

Sony го претстави последниот во линијата на фотоапарати без огледала, моделот α6300. Фотоапаратот има ненадминат 4D FOCUS систем кој го фиксира фокусот на објектот за 0.05 секунди, најбрз автофокус досега. Дополнително, α6300 има неверојатни 425 АФ точки за фазна детекција густо распоредени по целата слика – што е најголем број АФ точки кај фотоапаратите со заменливи објективи и може да фотографира со 11 кадри по секунда со континуиран автофокус и следење на експозиција.


Впечатливиот нов модел без огледала исто така подржува целосен приказ во живо при континуирано фотографирање на визирот или ЛЦД екранот  со брзина до 8 кадри по секунда, со што ги комбинира сите предностите на електронските визири но со брзина на класичните визири со призма. Сестраниот α6300 фотоапарат е опремен со ново развиениот 24.2 MP APS-C Exmor CMOS сензор којшто работи заедно со BIONZ X процесорот кој овозможува висок квалитет на сликата преку целиот ISO опсег 100 – 51200.


Ненадминат перформанс на автофокусот

Моделот α6300 од Sony вклучува надградба над познатиот 4D FOCUS на моделот α6000, користејќи го брзиот хибриден автофокус систем којшто комбинира фазна АФ детекција со висока брзина и со исклучително прецизен контраст АФ и дозволува фотографирање и фиксирање на објекти во движење за само 0.05 секунди. Технологијата за следење на објекти, вклучува 425 точки со детекција на фаза со голема густина преку целото поле на видливост, дозволувајќи прецизен фокус на поширок простор – дури и на мали, брзи објекти коишто другите фотоапарати не ги забележуваат. 

Освен опширното АФ покривање, α6300 има нова АФ технологија за голема густина на АФ следење којшто значително го подобрува дефинирањето на субјектот и следењето. Оваа нова технологија може брзо да активира голем број на АФ точки да го опколат предметот – приближно 7.5 погусто од α6000 – и интелигентно се прилагодуваат во согласност со движењето на субјектот. Ова особено доаѓа до израз кога се користи со континуирано фотографирање со голема брзина од 11 кадри во секунда или новиот начин на фотографирање со 8 к/с со континуиран целосен приказ во живо, којшто обезбедува 100% прецизно кадрирање на LCD екранот или визирот за објекти кои брзо се движат.

Битно е да се напомене дека 425 АФ точки за фазна детекција, подобрено следење и прецизност на фокусот се достапни на α6300 кога се користат објективи со A-приклучок со адаптер како Sony LA-EA3. Ова е првпат за некој Sony фотоапарат со заменливи објективи со Е-приклучок со APS-C сензор, бидејќи сите останати фотоапарати кои ја имаат оваа карактеристика се со сензор за целосна слика α7R II и α7 II модели. Освен тоа моделот α6300 вклучува функционалност за тивко фотографирање, проширена флексибилна АФ точка, Eye АФ и AФ-C режим и повеќе. 


Моќен 24.2 MP Exmor CMOS сензор и BIONZ X процесор

Со цел да се зголеми ефикасноста на целокупните перформанси на фотоапаратот, моделот α6300 користи нов 24.2 MP сензор што е идеален партнер за BIONZ X процесорот на слика. Новиот сензор за слика користи бакарни жици во својата структура, подобрувајќи ја ефикасноста за собирање на светлина и значително ја зголемува брзината на вчитување. BIONZ X процесорот вклучува подобрен алгоритам за процесирање на сликата дизајниран да го максимизира целокупниот капацитет на сензорот. Овие две компоненти работат заедно за слики со низок шум и исклучителна резолуција со подесување на чувствителноста до ISO 51200, особено во среден до висок опсег на чувствителноста. 


4K резолуција и други професионални видео карактеристики

Новиот α6300 нуди внатрешно 4K снимање на видео во 35mm формат. Кога снимате во 4К, фотоапаратот целосно ги вчитува пикселите без бирање пиксели за да собере 20 мегапиксели информации – речиси 2.4x (6K еквивалент) повеќе пиксели од 4K UHD и потоа ја намалува сликата за да произведе снимка со висок квалитет со исклучителни детали и длабочина.
Фотоапаратот користи XAVC S кодек за време на снимање на видео, снимајќи со висок бит рејт од 100 Mbps за 4K и 50Mbps за стандардна снимка во висока дефиниција за максимална деталност и јасност во двата видео формати. Фотоапаратот фокусира приближно два пати побрзо од својот претходник за време на снимањето благодарение на новиот и подобрен автофокус систем. Брзината и чувствителноста на следењето на автофокусот исто така се прилагодуваат за повеќе креативност. 

Од останатите професионални видео опции, овој модел вклучува можност за снимање во висока дефиниција со 120 к/с со 100 Mbps. Ваквиот режим дозволува прегледување на снимките и монтирање во 4x или 5x успорени видео снимки во висока резолуција (24p или 30p) со АФ следење. Новиот α6300 исто така нуди S-Log гама снимање за широк динамичен опсег на снимање – приближно 14 - бленди простор во S-Log3 гама режим – и поддршка за S-Gamut за поширок простор за бои. Двете опции дозволуваат поголема креативност во процесот на видео пост-продукција.

Новиот фотоапарат исто така има влез за микрофон којшто прифаќа надворешни микрофони и подржува XLR влез со Sony XLR адаптер, како и „Gamma Display Assist”, нова функција која им дозволува на корисниците да ги прегледуваат сликите или да го проверат фокусот кога снимаат S-Log видеа. Новиот модел има подобрена зебра функционалност за поголема контрола на експозицијата. Достапни се подесувања за профил на слика, временски код, „User Bit“ и многу повеќе.


Подобрена оперативност и ергономија

Моделот α6300 е опремен со XGA OLED визир со висок контраст и резолуција со приближно 2.4 милиони точки коишто нудат исклучителна видливост од еден до друг агол. Исто така постои можност за подесување на визирот кое што дозволува прикажување на слики од 120 к/с, прикажувајќи ја течно акцијата со многу малку доцнење, што го прави следењето на објектот преку визирот полесно од кога било.   

Естетски, новиот α6300 фотоапарат во раката ќе го почувствувате многу цврсто во раката благодарение на робусниот дизајн од магнезиумска легура. Лесно се прилагодува за да се вклопи во вашиот стил и склоност за фотографирање со 9 прилагодливи копчиња на којшто може да се постават една од 64-те различни функции. Додадена е и дигитална либела како и подобрена отпорност на прашина и влага, зајакнат е системот околу навојот за објективи, ново копче за окинување и кружно копче за избор со проширени можности и материјал за подобра контрола.
Новиот α6300 фотоапарат со Wi-Fi и NFC компатибилност и целосна функционалност со Sony PlayMemories Mobile апликацијата достапна за Android и iOS платформи му додаваат најразлични креативни можности. Фотоапаратот исто така подржува QR кодови за лесно поврзување со паметни телефони што немаат NFC.

Новиот α6300 ќе биде достапен во Европа од месец март.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија