Писателот на научна фантастика Вилијам Гибсон е познат по тоа што забележал дека иднината е веќе тука, само што не е рамномерно распределена. Често се смета дека таа реченица е инспирирана од Јапонија, која веќе проектирала темелно футуристичка слика, барем во популарната култура, во времето кога Гибсон го направил своето деби со книгата „Невромансер“ во 1984 година. Но, како што знае секој што ја посетил Јапонија - дури и во 21 век оваа земја во многу погледи останува преддигитално општество. Многу бизниси прифаќаат само готовина, повеќе услуги бараат комуникација преку факс, а нема замена за физичкиот печат на важните документи. Сепак, може да ве изненади фактот дека Јапонија сè уште користи абакуси (алатка за рачно пресметување).
Или поточно, Јапонија сè уште ги користи абакусите како образовни алатки: нема да видите многу продавачи како ги вадат абакусите додека наплаќаат, но ако фрлите поглед во приватна академија, можеби ќе видите млади ученици како „бесно“ вршат пресметки на многу старомоден начин. Ако се доволно напредни, како што е објаснето во видеото што ќе го видите подолу, тие дури нема да имаат ни вистински абакуси - туку само ќе ги придвижуваат монистата во нивните глави. Таквото интензивно образование со абакус било вообичаено низ Североисточна Азија во средината на 20 век, кога аритметичките вештини биле важни и за опстанок и за националниот развој.
Токму тој развој покажувал тенденција да го отстрани абакусот како алатка. Кога Кореја можела да си дозволи електронски калкулатори, престижот поврзан со совладувањето на абакусот како алатка практично исчезнал преку ноќ. Невронаучните истражувања укажуваат на придобивките што учењето со помош на абакус може да ги има врз когнитивните функции на мозокот во развој. Како што се објаснува во видеото, обуката со абакус ја подобрува когнитивната функција преку изострување на концентрацијата, забрзување на обработката на информациите и зајакнување на визуелната меморија, што доведува до подобрена меморија и одржлив фокус.
Извор: openculture.com
Фото: YouTube screenshot