X
 01.03.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена?



Во Македонија во утринските часови врнежите од дожд постепено ќе престануваат, а во текот на претпладневните часови разведрување и сончеви периоди. Во попладневните часови од запад ново зголемување на облачноста која нема да донесе врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

Во Скопје наутро умерено облачно, претпладне разведрување и сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималните дневни температури до 17 степени.

Во Македонија и во наредните 5 дена ќе продолжи натпросечно топлото време за овој период од годината. Во среда умерено облачно со сончевио периоди и дневни температури од 9 до 18 степени. Во четврток и петок се очекува пад на утринските температури кои на повисоките места ќе бидат и негативни. Во четврток умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, додека пак во петок по студеното утро во текот на денот претежно сончево и потопло со максимални температури од 7 до 16 степени. Во сабота се очекува нов влажан бран и нови врнежи од дожд со дневни температури од 6 до 15 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот