X
 07.03.2016 Култура

Пет причини зошто сериите се новите филмови

Повеќе ни во Холивуд нема актерка ни актер што би одбил добра улога во една серија, а еве пет причини зошто модерните серии се новите филмови.



Во последните неколку години, угледот на телевизиските серии вртоглаво растеше, секој ден е сѐ поголема побарувачката од страна на гледачите, а сериите го досегнаа нивото на продукцијата и го постигнаа интензитетот на приказните што порано ги имаа филмовите. Сѐ поголеми се буџетите за продукција на серии, сѐ поважни холивудски имиња се појавуваат во главни улоги, а количеството на талентот во сериите конечно може да им парира на најголемите филмски имиња.

5. Во сериите играат најдобрите актери на денешнината
Доволно е да се сетиме на Кевин Спејси и на неговата изведба на претседателот Френк Андервуд, потоа на неговата партнерка во серијата, Робин Рајт, која со години се колебала дали сака да почне да игра во серии, на Мајкл Шин, кој се појави во улогата на сексуален терапевт во серијата Доктори за секс, на Пол Џијамати, кој го игра државниот обвинител во серијата Милијарди,  на Бредли Купер, кој по Совршена формула игра и во истоимената серија,  на Патриша Аркет, која по „Оскарот“ за филмот Момчештво ја прифати улогата во ЦСИ: Кибер, на оскаровката Хали Бери, која игра во научно-фантастичната серија Животно семе.
Уште едно име кое во последно време се врзува за многу успешна серија е и името Били Боб Торнтон. Кога ја прифати улогата на таинствениот странец Лоун Малв во серијата „Фарго“, Торнтон изјави дека светот на филмот и телевизијата во последните пет-шест години драстично се променил. „Порано, ако некој преминеше од филм на телевизија, тоа значеше дека нешто не е во ред со кариерата на тој актер. Сега е обратно.“

4. Сериите се сѐ поиновативни
Да се разбереме, никогаш не била поголема побарувачката за серии и никогаш до нив не се доаѓало полесно. А тоа значи дека никогаш како денес не била поголема конкуренцијата. И додека во последните 50 години имаше три студија што годишно снимаа од 60 до 70 серии, сега има многу повеќе студија и годишно во оптек се повеќе од 400 серии. Поради сѐ поголемата конкуренција, студијата мораат да бидат инвентивни и одново да откриваат начини како да ги направат сериите повпечатливи на пазарот.
Претседателот на Шоутајм, Дејвид Невинс, рече дека „има голем притисок да се биде иновативен и да не се копира она што другите го прават многу добро. Во еден миг постоеше само ХБO, а потоа се појавија Шоутајм и ФХ, а сега има многу повеќе играчи во игра“.




3. Не мора да си маратонец за маратонски да гледаш серии
Кога би се осмелиле да гледате филм што трае десет часа? Никогаш. А една сезона од серија која трае исто толку? Уште вечерва!
Филмовите имаат посебен шмек, заокружена приказна, најчесто во нив се вложуваат многу пари и тоа се гледа, што е случај и со повеќето серии денес. А посебниот шмек во сериите е што нема да завршат во мигот кога се навлекуваш на приказната. Сериите имаат разработено дејство, одат во длабочина, подолго сме со ликовите кои ни прираснале за срце, а на крајот на краиштата, можеме маратонски да ги гледаме.

2. Сериите престанаа да будат чувство на вина
Додека порано сериите се сметаа за бесцелна забава за трошење време, денес веќе тоа не е така. Освен уживање, врвно обработено дејство кое нѐ засмева но и нѐ тера на размислување, во сериите на денешнината можат да се најдат филозофија, откачени и инвентивни дијалози, паметни ликови и супер авантури. Тоа што може да ни го даде филмот, ни го дава и серијата. Само што тоа уживање трае долго.



1.    Лесен е пристапот до нив
 А кога ќе кажеме дека до сериите може лесно да се дојде, не мислиме на торентите или на каква било друга нелегална дејност, туку на сервисите стриминг како што се Pickbox или Netflix.
Ќе си платиш како човек и имаш еден куп серии на тацна. На Pickbox во мигов можеш да ги гледаш сериите Шерлок, Милијарди, Афера, Совршена формула, Фарго, Викинзи, Црно сираче, Под куполата, Транспарентно, а ако си луд по сериите кои беа многу смешни (Сплетки, Зајнфелд) а никаде ги нема, и нив можеш да ги најдеш таму.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура