X
 17.12.2016 Култура

Најдобрите и најлошите серии за 2016 година

Може да се каже дека научната фантастика и фантазијата имаа одлична година. 2016 ни понуди одлични серии и сезони, меѓутоа и не толку добри серии. Ви го издвојуваме најдоброто и најлошото од нив.

 

1


Најдобрите серии за 2016 година


1. „The Expanse“

Иако во продолжение ќе сретнете прилично бизарни серии, никоја од нив не ја надминува „The Expanse“. Започна моќно во 2015 година, меѓутоа заврши уште помоќно во 2016. И додека суперхероите, змејовите и роботите се се' поприсутни на телевизија, вселената немаше толкав успех.

 

1


2. „Game of thrones“

После едноличната петта сезона, шестата сезона на „Game of thrones“ не само што ни понуди одлична премиера, туку и не' потсети колку се добри актерите во неа, колку се епски акциите и колку трогателни моменти понуди, а финалето не' остави во двоумица на каде се движи.

3. „Westworld“


Колку е моќна машината на маркетингот кога еден тон пари се ставени пред камера е пример токму оваа серија. Таа стана феномен доста брзо. Можеби не нуди мистериозност колку што секој би сакал, сепак не' натера да мислиме дека скоро сите се роботи.

 

2


4. „Luke Cage“

Може да се каже дека ова е едно од најдинамичните серии досега, со одлична актерска екипа и уште подобри сцени. Се чини дека серијата доаѓа од сосема друг универзум.

5. „Steven Universe“


Оваа серија отсекогаш била одлична, меѓутоа во 2016 година се надмина себеси. Ликовите се развија уште повеќе, особено Стивен, а понуди и одлични сцени.

 

5


6. „Stranger things“


Може да се каже дека и покрај тоа што нуди веќе видена содржина (приказна за исчезнато момче во 80те), сепак може да се каже дека „Stranger things“ е уникатна и креативна серија.

7. „The Good Place“

Оваа серија има толку висок концепт што не би требало да биде комедија. Дарси Карден успева да ја украде секоја сцена како Џенет. Смешна и интересна, одамна не сме гледале ваква серија.

 

3


8. „Person of Interest“

Пред да постои „Westworld“ беше „Person of Interest“. Последната серија на Џонатан Нолан заврши во 2016 година, а секој длабоко се впушти во тие последни 13 епизоди.

9. „Supergirl“

„Supergirl“ успеа да се издвојува себеси и да стане најдобрата акција/стрип серија на телевизија во моментов.

10. „Ash vs. Evil Dead“

За поголемиот дел од втората сезона, „Ash vs. Evil Dead“ се надмина себеси. Предвидувања? Да. Опседнувања? Зошто да не. „Дали сето ова е сон?“ Секако! Патување со времето? Супер.

 

4


Најлошите тв серии

1. „Sleepy Hollow“


Зошто воопшто оваа серија стигна до 4-та сезона? Серијата започна од изненадувачки забавна во првата сезона, до ужасен хаос во втората.

2. „Damien“


Ова е серијата која го направи Антихрист досаден. Серијата е постојано барање на одговор за прашањето зошто постои, а никогаш не пронаоѓа.

3. „American Horror Story: Roanoke“

Секоја сезона на оваа серија беше ужасен неред уште од почетокот па се' до крајот.

4. „Van Helsing“


Ништо во врска со оваа серија не функционира. Името е доста лошо, а уште полошо е тоа што се обидува да ја имитира „Walking Dead“.

5. „Fear the Walking Dead“


Серијата нема ликови кои би можеле да ги сакаме ниту пак некои негативци од кои би можеле да се плашиме.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура