X
 08.03.2016 Технологија

Рокот за аплицирање за Codefest Marathon истекува за една недела

4тото издание на интернационалниот технолошки фестивал Codefest ќе се одржи на 15-17 април во хотелот Инекс Горица во Охрид. Оваа година настанот ја проширува својата програма и вклучува агенда која ќе ги задоволи вкусовите на сите страни на технолошката заедница, како на студентите, така и на ИТ професионалците, гуруата, компаниите и образовните институции.


Доколку сте студент, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од познатиот Codefest Marathon, годинава под мотото Challenge Your Limits, кој традиционално опфаќа 32 маратонски часови кодирање и многу забава. Рокот за аплицирање истекува на 15ти март, па искористете ја оваа недела да ги развиете вашите идеи и да пополните тимска апликација на следниот линк: https://goo.gl/6FuJlg. Учеството на Маратонот е бесплатно за сите избрани учесници.

Ако пак би сакале да добиете мислење за вашата идеја пред истекот на рокот за аплицирање, организаторите на Codefest за првпат оваа година нудат можност за евалуација на идеите на апликантите, со цел учесниците-студенти кои не се сигурни околу својата идеја да добијат релевантни совети и евалуација пред истекот на рокот за аплицирање, со цел да можат да ги подобрат своите идеи и да бидат по-конкурентни при селекцијата на тимовите за оваа година. Овие евалуации важат за тимови кои не аплицирале, но и за оние кои веќе аплицирале, доколку сметаат дека имаат потреба од дополнителни совети. Доколку сакате ваква евалуација, можете да побарате состанок следејќи ги инструкциите на линкот: https://goo.gl/kF0BVj.

Зошто да бидете дел од Codefest?

За студентите ова е одлична можност да бидат дел од светски препознаен настан во нашата држава, кој е и добра припрема за она што ги очекува доколку учествуваат на слични настани надвор од Македонија. На Codefest оваа година ќе бидат присутни и голем број на ИТ компании од земјава и странство, што е добра прилика да станете препознатливи како проактивни млади таленти пред потенцијални вработувачи. Покрај ова, ќе имате уникатна можност директно да работите со реномирани ментори од земјава и странство кои ќе ви помагаат во развојот на вашите идеи. На настанот ќе бидат присутни и претставници на повеќе акцелератори и инвеститори подготвени понатаму да работат со тимовите кои ќе се покажат добри резултати, а и да инвестираат во најдобрите идеи.



Како дополнителна вредност на Маратонот оваа година, настанот станува официјален член на светската лига на хакатони, Major League Hacking, што на сите учесници ќе им обезбеди светска препознатливост и меѓународни признанија за најдобрите. Оваа лика на хакатони е поддржана од компаниите Dell и Intel.

Codefest за професионалци, стартапи и бизниси

Со цел што повеќе да се вклучат ИТ професионалци, ентузијасти и компании на настанот, Codefest 2016 подготвува еднодневна технолошка конференција, Codeference, на која гости-предавачи ќе бидат светски и наши познати експерти во повеќе области, како: технологија, иновации, дигитален маркетинг, стартапи и инвестиции. На конференцијата ќе се даде осврт и на моменталните состојби во развојот на технолошката и стартап сцената кај нас и во регионот, а ќе имаме можност во врска со тоа и да добиеме совети за побрз развој според практиките од Западна Европа. Меѓу досега најавените говорници се вбројува претставник од Google, експерти од светот на инвестициите, основачи на успешни европски компании, автори, итн.


Покрај стандардните предавања и панел дискусии на Codeference, која ќе ги обедини сите страни на технолошката заедница, планирани се и неколку networking сесии, изненадувања и забавна програма. Дел од оваа програма вклучува и бесплатен тренинг за лидерски вештини за сите посетители на конференцијата, познат како Silega Expedition, а ќе се реализира во соработка со глобално сертифицираниот DOOR Training & Consulting центар. Во вечерните часови по завршувањето на конференцијата, предвидена е и Codefest забава, каде присутните ќе можат и неформално да се запознаат.

Компаниите и стартапите оваа година ќе имаат уште позасилено присуство на Codefest, сега во нов track на настанот специјално предвиден за компании и стартапи, CFX-Business Expo. Она што на претходните Codefest настани беше познато како on-site регрутација, сега компаниите ќе можат да го прават на поелегантен начин, преку свој изложбен простор каде ќе можат да се претстават, а истовремено да сретнат нови деловни партнери, како и да забележат соработници меѓу младите таленти.

Регистрациите за конференцијата се отворени на следниот линк: http://www.codefest.eu/codeference#Register, а доколку сакате да изложувате на бизнис експо можете да се пријавите тука: http://www.codefest.eu/cfexpo#Join.

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од Codefest оваа година и резервирајте си го вашето место!


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија