X
 13.03.2016 Наука

Мистериозни нешта кои науката не може да ги објасни

Постојат мистерии во животот кои научниците ги оставија зачудени и во двоумица. И додека некои можеби имаат разумно објаснување, постојат нешта во животот кои научниците не можат сосема да ги објаснат.

 

1


Од навики на животните до чудни формации и звуци, овие мали чуда продолжуваат да го збунуваат научниот свет и веројатно да ги предизвикуваат теоретичарите на заговор. Ова се дел од нив.

1. Различните температури на сонцето


Светот на науката остана зачуден во 2013 година кога истражувачите открија дека внатрешното јадро на Земјата е многу потопло отколку што се мислело претходно.

Научниците открија неверојатни 6.000°С - тоа е температура колку површината на сонцето.

Претходните експерименти на мерење на малите примероци на железо во огромни притисоци, изнесуваат околу 4.700°С.

Но, тим на паметни француски научници искористија техника позната како дифракција на х знаци за да анализираат како железните кристали под огромен притисок се формираат и топат. Тие откриле дека точката на топење (330 гигапаскали), притисокот на границата на внатрешното јадро на Земјата, е приближно иста како и површината на сонцето.

Но, никој се`уште не може да објасни како атмосферата на сонцето позната како корона, достигнува околу 2 милиони °С, што е многу потопло од површината и внатрешното јадро на Земјата заедно.

2. Мистериозни шумови

 

2


Жителите на градот Таос, во централниот дел на Њу Мексико останале збунети кога започнале да слушаат чудни шумови во 1990-тите. Градот бил предмет на голем број теории, вклучувајќи ги и тие дека бил искористен за експерименти за контрола на умот од тајна влада, па дури и подземна НЛО база. Џо Малинс, професор по инженеринг на Универзитетот во Њу Мексико, започнал да го истражува овој феномен. После мерењето тој пронашол дека не само што 2% од жителите го слушаат, туку тие и слушаат различни звуци.

Додека вревата во позадина е прифатлива, причината останува неофицијално утврдени, а некои експерти велат дека причината поради којашто некои жители можат да го слушнат шумот, а други не, е поради индивидуалниот слух.

3. GPS животни

 

3


Одредени животински видови секоја година патуваат стотици илјади километри во потрага по потопли временски услови, храна и размножување.

Додека издржливоста е подвиг сам за себе, научниците се`уште не можат целосно да го објаснат вградениот GPS во овие животни и како тие патуваат толку лесно.

Според „National Geographic“, животните кориситат еколошки знаци, инстинкти и внатрешни знаци кои им помагаат и кои користат комплексна кобминација на навигациска помош.

4. Моќта на умот

 

4


Разни експерименти низ годините го испитувале ефектот плацебо и моќта на умот. Сепак, научниците не можат целосно да објаснат како теоријата функционира и зошто некои луѓе чувствуваат ефекти од она што го земаат како лек а всушност е лажен.

Некои пациенти дури и имале подобрување после земање плацебо дури и тогаш кога откриле дека апчињата се лажни.

5. Мистериосниот Стоунхенџ во Австралија

 

5


Ова древно место, прво истражено во 1939 година од Фредерик Слејтер, поранешниот претседател на австралиското археолошки и образовно друштво,датира од палеолитот и останува мистерија.

Експертите не знаат да кажат како спектакуларната форма била создадена или што таа претставува. Локалитетот, кој останува тајна во страв да не биде рушен, содржи 180 исправени камења, вклучувајќи и песочни карпи кои се чини дека не се создале природно.

6. Чувството на кравите за насока

 

6


Може да ве изненади, но кравите имаат одредена насока кога џвакаат. Тие се насочуваат кон север кога јадат. Со користење на фотографии од „Google Earth“, германските научници анлизирале 8.000 крави и сфатиле дека сите се насочуваат кон магнетно поле кога пасат.

Птиците, пчелите и рибите се познати по користењето на магнетните полиња на Земјата за ориентација, меѓутоа не е познато зошто кравите го прават истото. Една теорија е дека тие се штитат против предатори додека јадат.

7. Хесдален светла

 

7


Феноменот наречен Хесдален се чудните светла кои лебдат над новрешката долина, ги збуни научниците и ги тера да се прашуваат веќе еден век.

Светлата предизвикаа голем број на теории за тоа како биле создадени и што се тие и секако, поврзување со НЛО.

8. Тивкото место

 

8


Надвор Дуранго, Мексико, лежи местото наречено Мапими тивката зона - познато по очигледниот недостаток на врева.

Според некои легенди, радио брановите не можат да бидат пренесувани во одредени области на тивката зона поради локалните магнетни полиња, вонземјани и таканаречената земјена енергија.

9. Левучари

 

9


Поголемиот дел од светот пишува со десна рака, околу 9 од 10 луѓе, а никој не може да објасни зошто.

Научниците знаат дека предноста на екстремитетите започнува во матката со секоја страна на мозокот доминирајќи во одредени задачи како што е јазикот или моторните вештини. Меѓутоа научниците немаат откриено причина зошто повеќето од нас користат десна рака, иако некои научници велат дека тоа е поради еволуцијата.

10. Зошто црните дупки „подригнуваат“

 

10


Оваа година научниците открија гас од „подригнување“ на црните дупки близу Земјата.

Два огромни бранови на гас биле протерани од масивната црна дупка во NGC 5195 - галаксија 26 милиони светлосни години од Земјата.

Ерик Шлегел, од Универзитетот во Тексас, кој го водел истражувањето, вели дека ова се случува поради интеракцијата со поголема реакција. Исто така, тој вели дека оваа интеракција формирала нови ѕвезди, а подригнувањето игра важна улога во сончевиот систем.

Научниците велат дека подригнувањето ги спречува галаксиите да станат премногу големи, па дури и се одговорни за тоа како се формираат ѕвездите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука