X
 13.03.2018 Наука

3-минутна анимација што ќе ја промени вашата перцепција за времето

zemja
Фото: Business Insider

Сите знаеме дека Земјата е стара, но тешко е да се стави во перспектива колку е стара. На крајот на краиштата, што навистина значат 4.5 милијарди години? Како го можеме да го разбереме ова време со нашиот краткотраен човечки мозок?

„Бизнис Инсајдер“ создаде интересна 3-минутна анимација, прикажувајќи ја временската рамка на Земјата, ако времето би било растојание од Лос Анџелес до Њујорк.

Патувањето започнува во Лос Анџелес, кога Земјата за првпат била формирана пред 4.54 милијарди години. На половина пат, се формира најголемата карпа на светот, пред околу 3.95 милијарди години, а пред 3.8 милијарди години, се појавиле првите докази за живот, во форма на реплицирачки молекули.

Пред 2.7 милијарди години, се појавиле цијанобактериите што произведувале кислород, а потоа 200 милиони години подоцна, во атмосферата на Земјата се зголемило значително количество на кислород.

До Пенсилванија, на половина пат од целата земја, се развиле повеќеклеточните организми, пред 600 милиони години.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука