Фото: AsiaWire
Археолозите веќе една година истражуваат остатоци од 104 куќи, 205 гробници и 25 жртвени олтари на локалитет од доцниот неолит во близината на градот Гинан, престолнината на покраината Шандунг.
Кинеските археолози на истокот на земјата пронашле костури стари околу 5.000 години, кои со оглед на времето во кое живееле, „биле необично високи и силни“.
Фото: AsiaWire
Мерењата на коските во гробовите во покраината Шандунг, се утврдило дека висината на еден од нив изнесувала 1,9 метри, а останатите околу 1,8 метри, пренесува кинеската агенција Синхуа.
Научниците сметаат дека тие лица, ако се земе предвид времето кога живееле, биле речиси „џинови“.
Врз основа на наодите, повисоките лица се пронајдени во поголемите гробници, најверојатно затоа што имале повисок општествен статус и можеле да си обезбедат подобра исхрана.
Фото: AsiaWire
Се претпоставува дека локалитетот каде што се пронајдени останките од „џиновите“ бил политички, економски и културен
центар во северниот дел од провинцијата Шандунг.