Добитничката на признанието на британска фондација е прогласена на свеченост одржана во Дубаи. Палестинката Ханан ал Хроуб е добитничка на наградата „Најдобар просветен работник во светот“, која ја доделува британската фондација „Varkey GEMS“.
Добитничката на престижното признание е прогласена на свеченост одржана во ѐдубаи, на која присуствувале бројни локални и странски лица, пренесува „Анадолија“. Хроуб била избрана како најдобра од 8.000 кандидати од 148 земји.
Македонија имаше свој номиниран наставник за признанието. Тоа е
Весела Богдановиќ од основното училиште „Кочо Рацин“ во Битолско.
- Сакам да порачам дека ние, палестинските наставници, работиме во исклучителни околности. Насилството е насекаде околу нас и се вовлекло во секое ниво на образование. Наша обврска е своите ученици да ги заштитиме од тоа насилство - порачала Хроуб по дознавањето дека таа е добитничка на наградата.
Хроуб изразила
елба оваа година да се прогласи како „година на палестинските наставници“ на меѓународно ниво порачувајќи дека овие наставници вложуват максимум за децата во таа земја да веруваат во мир и да имаат надеж. Победничката со признанието добива 1 милион долари.