X
 14.03.2016 Живот

Отворено писмо до Трамп кое го заобиколи целиот свет

Новинарот и биограф Брендон Стантон со месеци го воодушевува светот со фотографии и животни приказни на Њујорчани, но и на луѓе од целиот свет чии судбини ги објавува на доста популарната страна на Фејсбук наречена „Humans of New York.

 

трамп


Уште од почетокот на кризата со бегалци тој посетил многу кампови за бегалци и разговарал со голем број бегалци, а на голем дел од нив и им помогнал.

Промовирајќи ја човечноста на прво место, тој никогаш не се занимавал со политика, но денес за прв пат објави еден политички „обоен“ текст - отворено писмо до Доналд Трамп. За само неколку часа собра повеќе од милион лајкови и над пола милион споделувања. Писмото ви го пренесуваме во целот.

The refugee stories.

Posted by Brandon Stanton - HONY on Sunday, October 4, 2015

 

„Господине Трамп,


Со сите сили се обидував да останам аполитичен. Одбив да интервјуиран неколку претседателски кандидати. Не сакав да го ризикувам мојот углед со заземање на страни за време на изборите. Мислев дека можеби не е најдобро време за тоа. Но сега сфаќам дека не постои вистинско време за борба против насилство и предрасуди. „Сега“ е секогаш најдобро време за тоа. Затоа што, заедно со милиони други Американци, сфатив дека против вас повеќе не е прашање на политичка одлука. Станува збор за морал.

Гледав како постојано на Твитер постирате расистички фотографии. Гледав како постирате расистички лаги. Гледав како ви беа потребни 48 часа за да се откажете од врховната власт на белците. Ве гледав како весело поттикнувате насилство и ветувате дека „ќе ги платите трошоците на адвокатите“ на оние кои извршуваат насилство во ваше име. Гледав како заговарате убиство и тортура на семејства на терористи. Ве гледав како воодушевено раскажувате приказни за егзекуции на муслимани со куршуми натопени во крв од прасе. Гледав како бегалците ги споредувате со „змии“ и тврдите дека „исламот не` мрази“.

Господине Трамп, јас сум новинар. Во текот на последните две години направив сеопфатни интервјуа со стотина муслимани, намерно или случајно, на улиците на Иран, Ирак и Пакистан. Исто така интервјуирав стотина сириски и ирачки бегалци од седум различни земји. Можам едно нешто да ви потврдам - вие сте оној кој мрази.

Оние луѓе кои внимателно следат што се случува нема да ви дозволат да се ребрендирате себеси. Вие не сте „обединувач“. Вие не сте „претседалски материјал“. Вие не сте „жртва“ на гневот кој весело го поттикнувавте со месеци. Вие сте човек кој ги поттикнува предрасудите и насилството за да стекнете моќ. Иако вашите зборови без сомневање ќе се променат во следните неколку месеци, вие секогаш ќе останете она што сте“, пишува Стентон.

An Open Letter to Donald Trump:Mr. Trump,I try my hardest not to be political. I’ve refused to interview several of...

Posted by Humans of New York on Monday, March 14, 2016
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот