После маршот на жените на 21.01.2017 за кој се проценува дека толпата била три пати поголема од таа на денот на инаугарацијата на претседателот, многу научници се спремаат за сличен чекор.
Многу научници сметаат дека немаат доволно влијание со првите административни потези на Трамп, вклучувајќи очигледно наметнување на социјалните медиуми и затајување на Агенцијата на заштита на животната средина на САД. Имено, на агенцијата ѝ биле дадени инструкции да ги тргне истражувањата за климатските промени од податоците на интернет страницата.
Организаторите веќе ова го промовираат маршот на социјалните мрежи Фејсбук и на Твитер. Според Вашингтон Постверојатно е да се одржи виртуелен состанок овој викенд за да се направи план и да се одреди датум за маршот за следната недела.