Столетија наназад суверено владеат со светот, барем доколку се вистинити некои теории за нив. Американската и светската политика ја имаат обележано неколку династии, а овие се
петте најмоќни семејства кои управуваат со светот.
5. Семејството Ротшилд
Семејството Ротшилд веќе долго време се смета за најбогатото семејство во светот. Се проценува дека сопственици се на имот во вредност од 500 милијарди долари, а некои проценки велат дека тие управуваат со финансии вредни 100 трилиони долари. Од шеесеттите години на осумнаесеттиот век, откако Маер Амшел Ротшилд ги пратил своите пет синови во пет финансиски центри, тие биле на најважни места во светскиот финансиски систем. Во 19 век, семејството Ротшилд ја зацврстиле својата позиција на глобална моќ на начин што обезбедувале финансиска поткрепа на монархии и власти од двете завојувани страни во војните на Наполеон.
Тогашните весници ги опишувале како: „Советници и финансиери на европските кралеви и американските републикански шефови“. Во денешно време се плетат теории на заговор кои велат дека Ротшилдови го контролираат светот преку американската централна банка Federal Reserve. Според нив, основачот на Fed, Пол Варбург, всушност бил агент на семејството Ротшилд.
4. Семејството Рокфелер
Семејното царство на Рокфелерови е создадено во текот на седумдесеттите години на 19 век, кога Џон Д. Рокфелер ја основал Standard Oil Company. Тоа била најголемата нафтена компанија во тоа време, а самиот Рокфелер тежел околу 400 милијарди долари, со што станал еден од најбогатите луѓе во светската историја. Легендарниот американски претседател Теодор Рузвелт предупредил дека Рокфелер е заинтересиран за создавање невидлива власт. Рокфелерови помогнале за изградба на седиштето на Обединетите нации во Њујорк и ја основале конференцијата Билдерберг каде членуваат само најмоќните луѓе на светот и се состануваат еднаш годишно. Се зборува дека семејството Рокфелер и денес продолжува со своите тајни влијанија преку управувањето со големите нафтени компании какви што се ExxonMobil и BP или банки како Chase Manhattan Bank.
3. Семејството Морган
Семејството Морган доживеало процут кога Џон П. Морган заедно со Ротшилдови, им позајмило стотина тони злато на американските власти во текот на банкарската киза во 1893 година. Затоа што ги контролирал најголемите резерви на злато во САД, Морган го финансирал и создавањето на најголемите американски компании како AT&T и General Electric. Кратко време ги финансирал и истражувањата на Никола Тесла.
Заради своите врски со американското министерство за финансии, се појавиле и теории дека Морганови ги натерале САД да учествуваат во Првата светска војна за да ги заштитат кредитите што им ги издале на Русија и Франција. Џ. П. Морган помладиот, му дал заем на Американците од 500 милиони долари, а наплатувал провизија од 1% за сите стоки што неговите компании ѝ ги продавале на американската војска. Освен тоа, постојат и гласини дека Морганови го поттикнале јапонскиот напад врз Перл Харбор, ветувајќи им на Јапонците дека ќе ја делат заработувачката од војната. Денес Морганови ја поседуваат најголемата семејна резерва на злато, што наводно со тунел е поврзана со њујоршката подружница на американската централна банка.
2. Семејството Дупонт
Е. И. Дупонт бил син на француски имигрант. Своето богатство го стекнал по основањето на барутана во Делавер, САД. Неговото семејство пуштило корени во американската висока политика откако, наводно, на Американците им го обезбедиле купувањето на територијата Луизијана од Наполеон во 1803 година. До почетокот на Првата светска војна, компанијата „Дупонт“ произведувала над 40 % од вкупното светско производство на експлозив, а во текот на Втората светска војна, учествувала во проектот за изградба на американската нуклеарна бомба.
Некои веруваат дека семејството Дупонт до таа мера имало влијание врз американската власт што само заради нив се забранило користењето марихуана и производството на индустриски коноп, само за да се заштити производството на најлон, еден од најважните производи на компанијата Дупонт. Денес оваа компанија е еден од најголемите светски производители на генетски модифициран семенски материјал, преку Pioneer Du Pont, и стојат зад „трезорот за судниот ден“ каде се чуваат примероци од растителни семиња кои човечката раса повторно би ги засадила по апокалипсата.
1. Семејството Буш
Политичката династија Буш, што на светот му подари двајца американски претседатели, започнала со Прескот Шелдон Буш, роден во 1895 година. Тој првпат се сретнал со политичката елита, кога како студент на Јеил универзитетот станал член на друштвото „Череп и коски“. Постојат гласини дека токму Прескот стоел зад неуспешниот воен удар во 1933 година што имал за цел да се симне од власт претседателот Франклин Рузвелт.
Во текот на Втората светска војна, Буш бил шеф на Union Banking Corporation, инвестициска банка што на крајот е запленета заради докажани деловни врски со нацистичка Германија. Синот на Прескот, Џорџ Х. В. станал американски претседател на крајот на 80. години од минатиот век, а неговиот внук Џорџ В. два мандати седеше во Белата куќа. И двајцата почнаа конфликти со Ирак, при што огромни заработки оствариле компаниите како Halliburton или KBR, и двете поврзани со семејството Буш. Ова семејство се смета за најмоќно во американската политика, а имаат и баснословни сметки во банкарскиот и нафтениот сектор.