X
 17.03.2016 Живот

Задача за детективите: Дали овој случај е убиство или самоубиство?

Замислете дека сте детектив и нека започне истрагата. Фотографијата подолу била објавена на социјалната мрежа „Имгур“. Прашањето за вас гласи: дали како детектив овој случај би го прогласиле за убиство или самоубиство?


Добро разгледајте ја фотографијата, погледнете ги деталите и заклучете кој е одговорот.

Можни теории

Една теорија е дека овој случај се води како убиство. Личноста на фотографијата е леворака, поради цигарата и положбата на пенкалото на прошталното писмо, а пиштолот е во десната рака. Уште еден доказ кој упатува на тоа дека личноста е леворака е лименката со сокот, кој се наоѓа на левата страна.

На прошталното писмо се наоѓаат очила, што покажува дека личноста имала проблеми со видот, па се поставува прашањето: зошто последната порака би ја пишувала во мрак бидејќи лампата е изгасната.

Треба да се земат предвид и недовршената цигара и трагите од крв на ѕидот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот