X
 30.06.2015 Образование

Задачата која ги измачи хрватските средношколци и нејзиното решение

По бројните контроверзии со државните матури низ Европа, сега се појави проблем и со државната матура за средношколците во Хрватска. Имено, повеќе ученици се пожалиле на една задача од тестот по математика. Станува збор за последната задача од тестот која не била дел од материјалот. Некои професори сметаат дека е добро да се има таква задача која би ги издвоила генијалците од останатите.


Според учениците, задачата била премногу тешка, па дури и непозната за нив бидејќи не била вклучена во материјалот, иако била вклучена меѓу прашањата за матурата. Професорите поделени за ова. Младен Сарга, професионален инструктор изјавува дека „не знае колку е фер да се зададе задача која не е вклучена во материјалот бидејќи гимназијалците досега не виделе таков тип задача“.

Од друга страна, познатиот професор во високообразовна институција Тони Милун, бил изненаден што видел таква задача на државната матура, но ја оправдува.

- Би сакал учениците да сфатат дека не се оштетени со тоа што е зададена задача која е тешка и која на одреден начин отскокнува од стандардниот материјал. Доколку задачата е тешка за еден ученик, тешка е и за останатите, така што од таа страна е чесно.

Дополнително, Милун смета дека таа задача не била неменета за учениците кои имаат знаење за доволен или добар и дека претставува тест за генијалците.

Истовремено, професорот Сарга објави видео во кое ја појаснува задачата и ја решава за учениците кои имале проблеми со неа.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование