Американката Тиша Сандерс сподели на „Фејсбук“ навидум едноставна математичка задача на која нејзината 6-годишна ќерка Самер погрешно одговорила. За брзо време задачата стана вирална.
Во задачата се бара да го поделите бројот 27 на десетки и единици, а потоа да одговорите колку единици има вкупно. Девојчето правилно го реши првиот дел од задачата, така што ги запишува броевите 2 и 7 во празните полиња, односно го дели бројот на две десетки и седум единици.
Но, девојчето погрешно одговорило на вториот дел од задачата, пишувајќи дека бројот 27 има седум единици. Мајката решила да ја праша наставничката каде згрешила нејзината ќерка.
Фото: Facebook
- Здраво, ова е нова математика што мораме да ја предаваме. Одговорот е 27, што значи 27 единици. Задачата треба да покаже како 2 десетки и 7 единици се еднакви на 27 единици - бил одговорот на наставничката.
Нејзиниот одговор ги збуни не само родителите на девојчето, туку и читателите, кои беа изненадени од точниот одговор и тврдат дека првиот дел од задачата не е во согласност со вториот и со тоа само дополнително ги збунува учениците.
Извор:
Index.hr
Фото: Facebook