X
 22.03.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена



Во Македонија во вторник денот ќе ни започне со повисоки утрински температури кои ќе се движат од 3 до 10 степени поради облачноста. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и многу топло. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина до 40 км/ч. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која во вечерните часови и ќе услови врнежи од дожд во западните и северните предели. Поради силното јужно воздушно струење утре над Македонија ќе има зголемено присуство на песок од Сахара, па се очекува доста нечист дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 13 до 23 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Во вечерните часови постојат услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 21 степен.

Во Македонија во среда умерено облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат попадне особено во источните и југоисточните предели каде локално се очекуваат да наврнат и над 20 литри дожд. Максималните температури од 10 до 19 степени. Во четврток облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните предели. Поради северно воздушно струење температурите во опаѓање и ќе се движат од 5 до 13 степени. Дополнителен пад на утринските температури ќе има во петок и сабота кога ќе преобладува умерено облачно време со сончеви периоди. Максималните температури во петок од 6 до 13 степени, а во сабота ќе достигнат до 8 односно до 15 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот