X
 23.03.2016 Живот

Сите напади кои ја потресоа Европа во изминатите десетина години

Вчерашните смртоносни напади на аеродром и метро-станица во белгиската престолнина, Брисел, се последни во серијата напади ширум Европа во изминатите десетина години. Ова се некои од последните.




14 март 2016: Напад во Анкара, Турција за време на кој животот го загубиле најмалку 37 лица.

13 ноември 2015: Наоружани личности поврзани со Исламската држава во Ирак и Левант извршија напади на неколку локации во Париз, вклучувајќи и стадион. Биле убиени 130 лица.

14 февруари 2015: Напаѓач го убива данскиот режисер Фин Норгард и ранува три полицајци во Копенхаген. Ден подоцна, напаѓач напаѓа синагога, го убива чуварот и ранува двајца полицајци пред да биде убиен.

7 јануари 2015: Напад со огнено оружје во редакција на списанието „Шарли Ебдо“ во Париз, за време на кој загинуваат 12 лица.

24 мај 2014: Четири лица се убиени во еврејски музеј во Брисел. Напаѓачот бил бивши борец поврзан со ИСИЛ.

22 мај 2013: Двајца мажи, за кои се смета дека биле инспирирани од Ал-Каида, нападнале британски војник во Лондон и го убиле.

Март 2012: Французинот Мохамед Мера, кој тврдел дека е поврзан со Ал-Каида, убил тројца еврејски деца на училиште, рабин и три војници во Тулуз, Франција.

22 јули 2011: Андерс Б. Брејвик поставил бомба во Осло, а потоа направил масакр со огнено оружје во младински камп во Норвешка. Убил 77 лица, од кои повеќето биле млади.

7 јули 2005: Во Лондон 52 патници биле убиени за време на бомбашки напад инспириран од Ал-Каида во три воза и еден автобус.

11 март 2004: Во најлошиот напад кој се случил во Европа, загинале 191 лице за време на експлозија на бомба во четири мадридски патнички возови.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот