X
 14.07.2021 Здравје

Која европска земја води во вакцинирањето на жителите против ковид-19?

Во поглед на број на вакцинирани жители против ковид-19, Германија и Велика Британија водат. Меѓутоа, во поглед на процентот на жители што се вакцинирани, во трката водат Малта и Исланд.

Графикони објавени од „Јуроњуз“ покажуваат дека постојат разлики во пристапот на вакцинирање на земјите низ Европа. Така, некои земји го одложиле вакцинирањето со втора доза за повеќе жители да примат барем една доза, додека други редовно ги вакцинираат жителите и со втора доза.

Истовремено, некои земји, меѓу кои и Србија и Бугарија, одбрале прво да ги вакцинираат политичарите, што не е случај со поголемиот дел од европските држави. Најголем дел од земјите ја започнале вакцинацијата со здравствените работници, како Италија, Исланд, Унгарија и Грција. Значаен дел први ги вакцинирале постарите лица, како Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство.


Фото: Screenshot/Euronews

Кога станува збор за процентот на вакцинирани жители со две дози, во Малта тој изнесува 77,7 отсто, а во Исланд 72,1 отсто. Следуваат Обединетото Кралство со 53,2 отсто, Унгарија со 49,3 отсто, Кипар со 48,1 отсто и Шпанија со 45,2 отсто.


Фото: Screenshot/Euronews

Во Германија досега две дози вакцина против ковид-19 примиле 43,1 отсто од жителите, во Швајцарија 41,2 отсто, во Грција 39,5 отсто, во Италија 38 отсто, во Србија 35,9 отсто, а во Хрватска 30,1 отсто.

Целите графикони може да ги пронајдете овде.

Извор: Euronews 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје