X
 26.03.2016 Живот

Како изгледаат најлуксузните авионски кабини досега?

Компанијата за производство на авиони „Ербас“ претстави нов дизајн на авионските кабини за авиони кој е оценет како исклучително импресивен. Целта на новата линија „Ерспејс“ е да се подобри искуството на патниците на четири начини, преку: удобноста, опкружувањето, услугите и дизајнот.


Новиот дизајн има пастелни бои, топло осветлување, повеќе место за нозете, повеќе простор за багажот и тоалети со „паметна технологија“, кои вклучуваат антибактериски површини, автоматско чистење и релаксирачка музика.

Кабините ќе бидат најтивки досега, а светлото ќе создава пријатна атмосфера за опуштање.

Овој нов модел на кабина ќе го има во авионите на компаниите „Делта“, „Гаруда Индонезија“ и „Ер Азија“, а во комерцијалниот авиосообраќај ќе влезат во 2017 година.

Највозбудливата новост секако ќе бидат екраните на кои патниците ќе може да гледаат филмови со висока резолуција, па дури и во 3Д.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот