X
 31.05.2023 Живот

Авиокомпанија ќе ги мери патниците пред да влезат во авионот

Новозеландската авиокомпанија „Ер Њу Зиленд“ наскоро ќе почне да ги мери патниците заедно со нивниот багаж пред да влезат во авионот. Авиокомпанијата ќе ги користи овие информации за да ја одреди просечната тежина на патниците која пилотите треба да ја знаат пред полетување.

- Мериме сè што влегува во авионот - од каргото до оброците на летот, до багажот - изјави Алистер Џејмс, специјалист за подобрување на контрола на капацитет во авиокомпанијата.

Авиокомпанијата користи просечни тежини за да ја пресмета тежината на патниците и багажот, а сега ќе ги мери патниците за да ги добие овие податоци. Авиокомпанијата ќе почне да ги мери патниците на меѓународните летови од јуни.

Треба да бидат измерени околу 10.000 патници. Ќе бидат измерени само оние патници што самостојно ќе се пријават да бидат дел од процесот.

- Едноставно е, волонтерски е, и со мерењето ќе ни помогнете да летаме побезбедно и поефикасно, на секој лет - вели Џејмс, додавајќи дека податоците од мерењето не се споделуваат со никого.

Извор: Unilad
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот