Доколку сте студент по англиски јазик и книжевност или веќе сте дипломирале на оваа насока, треба да знаете дека постојат повеќе кариери кои може да ги имате во и надвор од земјата.
Сара Валтерс е асистент професор на факултет во САД, а за „Hack College“ напиша текст за студентите и дипломците од оваа насока. Имено, таа нуди некои од многубројните кариери кои може да се имаат со диплома по англиски јазик.
Наставник/професор
Ова е професијата која на сите добро им е позната како опција. Со овој факултет може да се држат часови по јазикот, книжевност, па дури и пишување. Доколку сте на насоката за преведување, може да се доквалификувате и како професор.
Уредник, автор
Многу студенти по англиски јазик имаат интерес за новинарство и комуникации, а за нивната диплома би можеле да работат во некоја од овие области. Многу новинари, уредници и автори денес завршиле на Филолошкиот факултет.
Маркетинг координатор
Оваа професија може да биде опција бидејќи знаењето од англискиот јазик може да биде од помош овде, но и надвор од земјата. Дипломците по англиски јазик и книжевност се способни за пишување текстови за социјалните мрежи или за медиумите.
Издаваштво
Покрај уредништвото и новинарството,
работа има и во издаваштвото, односно во издавачка фирма или компенија. Студентите и дипломците по англиски јазик и книжевност имаат знаење од литературата и знаат што е добра книга.