X
 30.08.2020 Наша тема

Како ќе почне наставата, ќе одиме ли на кино и во театар, каде може да патуваме, комбе-дом на тркала... Што истражувавме неделава?

Образованието, со посебен акцент на претстојната учебна и академска година, но и теми поврзани со животот, негово олеснување, убавините на патувањето, културата, беа дел од она што го понудивме за читателите минатата недела.
Ова е некои од сториите што можевте да ги прочитате на Факултети.мк.

Како е најдобро да се одвива наставата во новата академска 2020/2021 година? Со физичко присуство, целосно онлајн или можеби комбинирано? Што да се очекува наесен, односно од 1 октомври, кога треба да почне новата академска година?



Изведувачките уметности и филмот летово им се вратија на публиката. Со малобројна публика желна за културни настани, со почитување на мерките, се отворија неколку летни сцени за работа на кино на отворено, а се реализираа и некои летни манифестации. Но, како ќе изгледа новата сезона?



Кафе на изгрејсонце, уживање во раѓањето на денот, фотографирање на моментот, омилениот појадок - јајца со сирење, мала прошетка во околината, наљубување на природата, рибарење, планинарење, зависно што е на дневната агенда и што ќе понуди дестинацијата. Вака изгледаат викендите на Ана Јаневска и Ненад Лазаров, кои патуваат низ Македонија со своето комбе кое сами го имаат уредено.



Тој буквално знае како дише Преспанското Езеро. Д-р Димитрија Сековски е дипломиран инженер на животната средина, кој докторирал на областа екохидрологија и интегралното управување со водните ресурси.



Повеќе од половина основци од прво до трето одделение би седнале во училишните клупи на почетокот од учебната година. Повеќе од една третина, пак, наставата би ја следеле онлајн од дома, а мал дел од родителите сè уште не одлучиле како оваа година ќе се образоваат нивните деца. Ова го покажа онлајн-анкетата на Факултети.мк и Деца.мк, во која своите размислувања и одлуки ни ги напишаа 3.255 родители од повеќе општини во земјава, но најмногу од скопските.



Кадри од научни области кои се изучуваат на Филозофскиот факултет се потребни за да се надмине кризата што ја предизвика коронавирусот. Така било во минатото, така ќе биде и во блиска иднина. Тоа е нашето бреме кое го носиме веќе едно столетие. Но, Факултетот минал низ многу поголеми предизвици во своето едновековно постоење: војни, кризи, епидемии, земјотреси, поплави и секогаш успевал да продолжи со својата вековна мисија да создава кадри и да ја унапредува науката, вели проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.



Правилата за патување се различни кај повеќето држави, па направивме мал водич низ прописите на земјите од регионот и од Европа во кои најчесто патуваат нашите граѓани. Но притоа, како што велат од македонското МНР и од 10-ина наши амбасади низ Европа што ги контактиравме, мора да се има на ум дека тие правила се менуваат многу често, па најдобро е претходно да се побара информација директно во нашата амбасада во државата во која сакаме да патуваме, бидејќи тие ги имаат најсвежите податоци.



Студиската програма Инженерство на материјали и нанотехнологии на Технолошко-металуршкиот факултет им ги нуди сите можности на студентите да се запознаат со светот на материјалите базирајќи се на тетрадата синтеза – структура – својства – примена.  Како ТМФ ги мотивира Даниела, Тамара и Ива да ја добијат престижната награда „Инженерски прстен“?

Наставата ќе може да се следи и со мобилен телефон. Но, за да може ученикот да напише домашна работа, полесно да чита, да решава тестови, потребен е компјутер. Унифицирана национална платформа за онлајн-настава со двонасочна комуникација во сите училишта во Македонија подготвува Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Целта е таа да биде готова до 15 септември.



Од делата на великанот Петре М. Андреевски критиката и науката најмногу ги истражувале романот „Пиреј“, а најмалку, или воопшто не е пишувано за постхумно објавениот роман „Бежанци“. Ова е еден од заклучоците на Данче Стефановска-Костaдиновска, магистер по филолошки науки, која неодамна онлајн го одбрани својот труд на студиите по Филолошки науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тоа беше првата магистерска тема одбранета онлајн на Катедрата за филолошки науки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема