X
 31.03.2016 Живот

Допрете го сонцето: Спортско-рекреативен настан "АлШар 2016"

Оваа година во пазувите на прекрасниот Кожуф и околината на селата Рожден, Мајден и мистичниот Алшар ќе се одржи првото издание на велосипедскиот спортско-рекреативен настан „АлШар 2016”.



Здружението „Тиквешки точакџии“ ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на првиот отворен фестивал во недопрените предели на планината Кожуф, со посета и запознавање на мистериозниот Алшар.

Агендата за фестивалот е следна:

„Допри го сонцето - откриј ја тајната за почетокот на светот“

- Голема планинска велосипедска тура – 52 километри;

- Мала планинска велосипедска тура - 28 километри;

- Планинарење;

- Фамилијарен излет;

- Ликовна колонија;

- Културно-забавна програма за време на целиот настан.



Настанот ќе се одржи на 11 и 12 јуни со почеток во 8 часот.
Детални информации за сите точки од програмата ќе бидат објавени дополнително.

Дали сте подготвени да го „допрете сонцето”?

Повеќе информации на Фејсбук страната

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот