X
 06.11.2021 Живот

Холанѓаните спасуваат животи и милијарди евра со возење велосипед

Кога станува збор за начините на транспорт, Холанѓаните знаат дека возењето велосипед е несомнено најдобро за вашето здравје, за вашиот паричник, за животната средина, за сè!

Фактот дека возењето велосипед е подобро од возењето автомобил се чини очигледен, но можеби не сте свесни за сите придобивки и начини на кои возењето велосипед е подобро и неверојатно само по себе.

Годишно, Холанѓаните возат околу 17,6 милијарди километри, во просек 880 километри по лице. Холандија инвестира над 517 милиони евра годишно во велосипедска инфраструктура, но тоа се исплати во здравствени, социјални и други придобивки. Речиси четвртина од сите патувања се со велосипед, а возењето велосипед ѝ заштедува 19 милијарди евра на холандската економија секоја година.

Факти за возењето велосипед во Холандија


- Во 2019 година Холанѓаните направија 4,8 милијарди патувања со велосипед, поминувајќи 17,6 милијарди километри. Ова е во просек 3 километри на Холанѓанец дневно.

- Жените повеќе возат од мажите. Севкупно, жените прават речиси 17 отсто повеќе патувања со велосипед годишно (2,4 милијарди во споредба со 2 милијарди).

- Децата имаат поголем удел во бројот на патувања од возрасните. До 18-годишна возраст речиси половина (48 отсто) од сите патувања се со велосипед.

holandija
Фото: Bright Vibes

- Луѓето на возраст од 30 до 60 години најмалку користат велосипед. Штом ќе ја поминат 60-тата година, луѓето повторно почнуваат да користат велосипеди.

- Во четирите големи општини (Г4) велосипедот сѐ повеќе се користи како превоз. Од четирите поголеми градови, велосипедот најчесто се користи во Утрехт. Поради присуството на трамвај и метро, уделот на корисници на велосипеди во Амстердам, Хаг и во Ротердам е помал.

- Луѓето најчесто возат велосипед во Лајден, Цволе и Гронинген. Повеќе од половина од сите патувања во овие општини се со велосипед. Сѐ повеќе луѓе од нехоландско потекло, исто така, користат велосипед, но поретко од другите Холанѓани.

Работодавци

- 10-15 отсто од работодавците ги подобриле паркингот, капацитетите и таксите за купување велосипеди во изминатата година.
- 51 отсто од работодавците нудат компензација за набавка на (електричен) велосипед.
- Во мај 2019 година, пет месеци по воведувањето, 10 отсто од работодавците ја искористија шемата за закуп на велосипеди.

Користењето велосипед (возење по лице дневно) остана прилично стабилно на почетокот на корона-кризата во споредба со периодот претходно. Мислењето за велосипедот не настрада од корона-кризата и остана прилично стабилно во последните месеци.

holandija
Фото: Bright Vibes

Планот на Амстердам

Амстердам планира да ги забрани сите возила што не се електрични до 2030 година. Холандскиот главен град штотуку ги објави плановите да ги замени сите автомобили и мотоцикли на бензин и дизел-погон со електрични возила во обид да се справи со шокантните стапки на загадување на воздухот во градот.

Извор: Bright Vibes
Фото: Bright Vibes
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот