X
 01.04.2016 Живот

Џвакајте "мастика" и вакцинирајте ги децата со смеа

Бебињата фантастично реагираат на се што е ново. Затоа, ако веќе планирате да го користите овој начин на опуштање на бебето, подобро да не ве гледа секој ден со „мастика“ во устата. Изберете некоја од која се прават големи балони и разџвакајте ја добро пред вашето малечко да ја прими вакцината. Уште додека го подготвувате за боцкање почнете да му правите балони



Како моето бебе ќе ја прими вакцината, дали ќе плаче, ќе успеам ли да го додржам за да не го мрдне ноџето додека медицинската сестра го боцка? Ако се вознемири од другите деца кои истиот ден примаат вакцина, дали да го однесеме дома, па некој друг ден да ја прими вакцината? Колку пати сте си ги поставиле овие прашања и колку ноќи не спиете пред вашето дете да ја прими редовната вакцина?

Шестгодишното искуство како родител ми даде повеќе одговори на овие прашања од сите книги за родители и деца кои дотогаш ги имав прочитано. Дојдов до заклучок дека секоја книга посветена на деца и родителство задолжително би требало да почнува со реченицата: „Никој не го познава вашето дете како вие самите“.

Водејќи се по неа, почнав да смислувам начини како да му го намалам стресот на моето дете кога го носам на вакцина или во лабораторија за проверка на крвната слика.

За кратко време сфатив дека тој нервозно реагира кога јас бев нервозна, гризејќи нокти како ќе помине боцкањето. Веројатно е среќна околност што јас немам фобија од игли, па лесно можев да забележам дека бебето сосема нормално, дури љупобитно го разгледува новиот предмет. Да, децата ги немаат стравовите на возрасните луѓе. Но, тие исто така не забораваат. Мојот сопруг кусо вели: „Тој е само малечок, не е глупав“. Така, ако првиот пат добро сте поминале на вакцина, веќе следниот пат бебето веќе чувствува дека во „таа“ просторија нешто ќе го пецне на рачето или на ноџето.

Тука стапувате вие на сцена. Колку сте покреативни, толку поголема ќе биде насмевката на вашето дете додека ја прима вакцината.

Имајте на ум дека меморијата на вашето бебе е празен фолдер кој тукушто почнал да се полни. Замислете само колку секојдневни предмети што ви се на дофат можат да му го одвлечат вниманието во тие неколку секунди, па воопшто да не забележи дека го боцкаат. Не треба да купите скапа играчка со шарени светла и десет песнички. Убавината е во едноставните нешта.

Ви предлагам неколку начини како вашето бебе полесно да го помене боцкањето. Верувајте дека функционираат, бидејќи на нив одлично реагираа моите две деца. Очекувајте успешна реакција кај бебиња постари од три-четири месеци, бидејќи помалите се уште не се во состојба да ги восприемаат.

1. Старата добра „мастика“ (гума за џвакање)



Бебињата фантастично реагираат на се што е ново. Затоа, ако веќе планирате да го користите овој начин на опуштање на бебето, подобро да не ве гледа секој ден со „мастика“ во устата. Изберете некоја од која се прават големи балони и разџвакајте ја добро пред вашето малечко да ја прими вакцината. Уште додека го подготвувате за боцкање почнете да му правите балони. Нека пукаат, оставете го малечкото да ги кине со прстињата. Продолжете и кога ќе направи болен израз на лицето, што е знак дека вакцинирањето веќе завршило. Гушнете го бебето и продолжете да му правите балончиња.

2. Балони



Ако веќе немате дома од некоја роденденска забава или од Нова година, купете нови. Иако во некои лаборатории во Скопје следува награда – надуван балон за секое дете што ќе ја посети лабораторијата, со оваа играчка можете на повеќе начини да го насмеете вашето малечко. Однесете го на вакцина со сопругот/сопругата или со некој што може да ви помогне. Бебињата љубопитно ги гледаат балоните додека ги дувате и ги пуштате да се издишат. На следната вакцина покажете му ја новата „моќ“ на балонот. Додека го пуштате да се издиште развлечете го местото за дување, ќе пушти смешен звук. Следниот пат, надувајте го и пуштете го слободно да лета низ просторијата додека се издишува. Ова на малечките им е особено забавно.

3. Запалка

Не мора да се пушач, но во џебот носете запалка за итни случаи. Особено кога одите на вакцина. Дали сте забележале колку децата се фасцинираат од пламен? Особно ако го гледаат неколку секунди, па наеднаш се изгасне. И повторно, наеднаш се пали. Низ оваа игра на палење и гаснење бебето толку ќе се занесе, што нема да забележи кога медицинската сестра ја завршила работата.

4. Огледалце



Земете со вас малечко огледалце. Кога бебето или детенцето ќе почувствува дека го подготвувате за нешто што не му се допаѓа, дозволете му да се види во огледалцето. Кога веќе сте му го привлекле вниманието, тргнете го, па вратете го повторно да си го види својот одраз. За неколку секунди вакцинирањето е завршено.

5. Пластично шише

Колку често сте ја слушнале реченицата: „Непотребно купуваме скапи играчки, повторно се врти кон далечинскиот управувач“. Да, децата имаат вроден сензор за да ги имитираат возрасните покрај себе. Затоа умно искористете ја оваа предност. Сте забележале ли колку многу децата сакаат пластични шишиња? Се разбира, не оние од кои пијат млеко, туку од пластичните шишиња за секојдневна употреба.

Земете едно од нив, добро измијте го и оставете го да се исуши. Ставете во него дваесетина макарони. Звукот кој по правило нервира и тешко можете да го поднесете е неверојатно забавен за бебињата. Затоа искористете го за време на вакцинацијата. Пред да се случи боцкањето, тропнете неколкупати за да му го привлечете вниманието на вашето малечко.

Ова се само неколку предлози кои можете да ги искористите. Да се вратам на ставот дека вие најдобро го познавате своето малечко и знаете што може да му го привлече вниманието. Само бидете креативни и небото ќе ви биде граница.

(В.Ф.)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот