Новите родители многу често добиваат совети, а тие често се збунувачки - едни велат дека детето треба почесто да се гушка, други сметаат дека честото гушкање води кон разгалување, трети оти детето се „учи на раце“... Забуната често знае да направи нервоза, а таа е сосема непотребна во услови кога родителите се соочуваат и со многу обврски и со неспиење.
Колку гушкање е доволно и што значи здрав однос и вистинско емоционално поврзување родител-дете, го прашавме Станислав Петковски-Сашо, спец. медицински психолог.