X
 01.04.2016 Култура

Земјите во кои атеизмот се казнува со смрт

Често се вели дека светот се` повеќе станува секуларно место. Само минатата недела британскиот премиер Дејвид Камерон предизвика рекации кога ја искористи својата велигденска порака за да ја опише Британија како „христијанска земја“.

 

zemja


Критичарите истакнаа дека само 30% од луѓето во Велика Британија се опишуваат себеси како религиозни, со што оваа земја претставува една од најмалку религиозните во светот.

Сепак, и покрај преовладувањето на атеизмот, би биле изненадени од фактот дека доколку во одредени земји не сте религиозни, односно немате никаква вера, тогаш станува збор за живот или смрт. Во 13 земји, може да бидете осудени на смрт доколку не сте религиозно определени.

1. Авганистан
2. Иран
3. Малезија
4. Малдиви
5. Мавританија
6. Нигерија
7. Пакистан
8. Катар
9. Саудиска Арабија
10. Сомалија
11. Судан
12. Обединетите Арапски Емирати
13. Јемен

Во голем број на други земји, смртната казна не е формална казна туку навистина постојат случаи на убивања од страна на религиозните екстремисти.

Во земји како Индија и Бангладеш, на полицијата и` беше простено поради тоа што не успеала да ги испита правилно овие убиства. Најмалку три атеисти блогерџии биле убиени откако објавиле постови со кои се залагале дека научниот доказ треба да го информира мислењето над религиските убедувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура