Што значи држава која е добро управувана? Минимизирање на корупцијата или реализирање образовни и медицински иницијативи – владите низ светот користат различни политики за функционирање на општеството. За да се видат резултатите од ефективноста на тие политики, индекси како „Правило на Законски индекс“, „Индекс на владеење“ на Светска банка и „Социјалниот индекс за прогрес“ креираат статистики и рангираат држави врз основа на спроведените анализи за оцена на работата на државите, во различни категории.
Додека секој индекс варира во прецизното рангирање, одредени шеми се појавуваат во сите три, со истите држави конзистентно на врвот поради своите прогресивни и социјални политики, доверба во владата и ефективниот судски систем. Кои земји се на врвот?
Данска
Оваа земја има речиси совршени резултати во индексите, особено кога станува збор за медицинските потреби на своите граѓани и овозможувањето пристап до основно знаење и комуникација.
Овие придобивки им се понудени на сите, а не само на граѓаните што се родени во Данска. Здравствениот и социјалниот систем се добро развиени и пристапни за секој што живее во Данска, а студентите добиваат финансиска помош и бесплатен курс по јазикот (оние на кои им е потребно). Социјалниот систем се базира на доверба, а не на документација. Иако животот во земјата е поскап во споредба со другите држави во Европа и има највисоки даноци во ЕУ, сепак, придобивките ги надминуваат трошоците.
Нов Зеланд
Политичка стабилност, фундаментални права и без појава на насилство и тероризам. Ова се главните карактеристики на Нов Зеланд, кој е исто така и првата нација во светот што на жените им го додели правото на глас. Земјата има дарежливи политики за поддршка на самохраните родители, поддршка за децата, студентите и постарите лица. Кога некој граѓанин на Нов Зеланд ќе наполни 65 години, тој автоматски почнува да добива додаток од владата, без разлика кој е, колку заработувал или наследил, без разлика кога се доселил во земјата.
Канада
Канада е многу слична со повеќето земји од Скандинавија, па бележи речиси совршени резултати на индексите. Граѓаните имаат пристап до медицинска нега, основно знаење и образование, како и лични прави. Канада е прогресивна земја во однос на вредностите што ги негува, па може да се каже дека спроведува политики за поддршка кои изобилуваат со сочувство и прифаќање на индивидуалниот избор за начин на живот.
Јапонија
Јапонците имаат природна склоност да вреднуваат социјални и јавни работи и да работат на својот рејтинг. Имаат доста либерални политики, а здравственото осигурување е универзално. Земјата, исто така, ги има едни од најдобрите лекари за третман на канцер. Силна страна на Јапонија е и добриот образовен систем, а нејзините училишта секогаш се рангирани меѓу најдобрите во светот.
Боцвана
Земјата одлично се справува со корупцијата, а владата постојано работи на истражување и казнување на официјалните лица што се обвинети за корупција. Националните приходи од ископувањето дијаманти се праведно распределени низ целата земја. Граѓаните велат дека земјата била основана на национално единство и тоа сè уште е така. Сметаат дека проблемите можат да се решаваат со дебатирање и размена на мислења, а не со војување.
Земјата, исто така, се истакнува со слобода на говор и слобода на медиумите. Здравствениот систем е достапен за сите, а располага со низа методи за утврдување и тестирање на различни болести.
Чиле
Отворена и транспарентна влада која ја контролира корупцијата и овозможува пристап до медицинска нега за своите граѓани. Ова е една од најстабилните земји во Јужна Америка. Лесно е и за странците да купат сопствен имот или да започнат бизнис. Здравственото осигурување е пристапно и ефективно, а земјата има и одлична инфраструктура. Сите имаат пристап до вода и до електрична енергија, а патиштата се во одлична состојба. Чиле, исто така, е екстремно отворена и пријателски настроена
земја кон странци.