Неодамна во галаксија далеку од нашата е откриена мала ѕвезда, таканаречена „бело џуџе“. Ѕвездата воглавно се состои од материја која не содржи електрони во себе, а нејзиниот сјај понекогаш е поголем и од 100 сончеви.
Астрономите веруваат дека „белото џуџе“ ќе открие цела еволуција ѕвезди. Официјалното име на ѕвездата е Докс, и се наоѓа во соѕвездието Драко кое е околу 1.200 светлосни години оддалечено од нашата галаксија,
Ова е првата ѕвезда која умира во познат дел од вселената, а која не е обвиткана во дебел слој од водород и хелиум кои ѕвездите ги испуштаат кога тие губат „гориво“ и кога почнуваат да умираат.
Познато е дека ѕвездите исчезнуваат такашто се распаѓаат во себе, што доведува до загревање кое пак предизвикува ширење на голема количина гасови.
Овие ѕвезди обично имаат атмосфера во која доминира водородот и хелиумот, како и гасови кои лебдат на врвот на атмосферата на ѕвездите и создаваат дебел слој кој го блокира нашиот поглед во нивната внатрешност.
Астрономите од Бразил и Германија откриле „бело џуџе“ кое не содржи ниту водород ниту хелиум, што им овозможува полесно проучување на јадрото на ѕвездата и дава единствен поглед на животот на ѕвезденото небо во завршната фаза од неговото постоење.
Токму оваа ѕвезда може да ги промени тековните сознанија за еволуцијата на ѕвездите и да се открие што се случува кога умира една ѕвезда.
„Најдовме само една ваква ѕвезда и поради тоа ова откритие е доста ретка појава. Оваа ѕвезда ќе ни овозможи да направиме тестови за откривање на еволуцискиот пат на белите џуџиња“, вели професорот Кеплер де Суза Фило Оливеира од Универзитетот РИо Гранде до Сул во Бразил, кој го води истражувањето.
Истражувачите не се сигурни зошто Докс со својата структура толку се разликува од останатите мртви ѕвезди, но има теорија. Една можност е тоа што гравитационата сила на блиските ѕвезди врз себе го презеле хелиумот и водородот на Докс.
Друга можност е ѕвездата, во последните моменти, да имало голема експлозија, па поради нејзината сил, заедно со плазмата во вселената ги исфрлила полесните елементи како што се кислород и водород.
Ѕвездата Докс била откриена како дел од проектот за мапирање на вселената со помош на 2.5 метри широк оптички телескоп, а досега се откриени преку 32.000 бели џуџиња.