X
 09.10.2015 Наука

НАСА ќе открие неверојатни информации за планетата Плутон

наса

 

Еден од главните истражувачи на НАСА открива дека агенцијата оваа недела на јавноста ќе и` открие нешто неверојатно во врска со Плутон.


А доколку добро се толкуваат коментарите на Д-р Алан Стерн, тогаш веројатно може да се претпостави дека станува збор за вонземски форми на живот.

„Овој свет е жив. Тука постојат временски услови, ја замаглуваат атмосферата, и има активна геологија“, вели тој.

Исто така, тој најави дека НАСА ќе објави нови податоци и фотографии од планетата овој петок што ќе променат скоро се` што знаеме за Сончевиот систем.

„НАСА не сака да ви открија што ќе ви кажеме, меѓутоа дефинитивно можам да потврдам дека е неверојатно“, вели тој.

Иако тој не сака да открие ништо, вселенските ентузијасти очекуваат доста големи вести поради пристапот кој НАСА ќе го користи за објавувањето на веста. Вселенската агенција искористи сличен метод на објавување кога ги објави деталите за откривањето на Кеплер, која е слична на Земјата, како и неодамнешното откритие за пронаоѓање на солена вода на Марс.

Најновите фотографии од леталото „Нов хоризонт“ покажуваат широк спектар на терените и на Плутон и на Харон. НАСА откри дека Харон има огромни кањони по неговата површина со околу 2.500 километри, а Плутон има чудна сцена со планини кои опфаќаат 500 метри. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука